Полскиот министер за здравство поднесе оставка

Полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски денеска поднесе оставка.

Шумовски изминатиот период често беше критикуван за неговото справување со кризата предизикана од пандемијата со новиот коронавирус, како и поради скандалот со набавка на респиратори и заштитни маски. Тој негираше каква било вмешаност во малверзациите со набавките.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека до крајот на неделата ќе го соопшти името на новиот министер за здравство.

Во Полска потврдени се 57.876 инфицирани луѓе со Ковид-19 и 1.896 смртни случаи.