Куман ќе биде новиот тренер на Барселона

Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу потврди дека нов главен тренер на тимот ќе биде Роналд Куман.

Официјалното назначување на Холанѓанецот уште не е факт, но е само формалност.

– Сите медиуми пишуваат за тоа. Ако работите одат онака како што сакаме, Куман ќе го предводи тимот и ќе го објавиме тоа. Ние се обложуваме на него затоа што многу добро го познаваме, призна Бартомеу.