Елмас останува во Наполи до 2025 г.


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас го продолжи договорот со Наполи до 2025 година.

Клубот соопшти дека ги продолжува договорите и со Ди Лоренцо и Марио Руи.

– Официјално се обновени договорите на Ди Лоренцо, Елмас и Марио Руи до 2025 година, стои во соопштението на клубот.