Нови 339 случаи на Ковид-19 во Грција, дополнителни мерки во поширокиот регион на Атина


Дозволено собирање на најмногу девет луѓе на отворено и затворено, откажување концерти и кино проекции во затворени сали, дозволени најмногу 20 лица на свадби, крштенки и погреби, задолжително работење на далечина за 40 отсто од вработените во приватниот и јавниот сектор, онаму каде што е изводливо, се дел од дополнителните мерки за областа Атика, поширокиот …

Нови 339 случаи на Ковид-19 во Грција, дополнителни мерки во поширокиот регион на Атина Read More »

Земјотрес со јачина од 5,3 степени регистриран на грчкиот остров Крит


Во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, кусо пред 19.30 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Гостиварци наместо на улица против поскапената струја ќе се борат во институциите


Со краток марш и протестен собир пред седиштето на ХЕЦ Маврово, група гостиварци искажа незадоволство против одлуката за поскапување на струјата. Организаторите на протестот, напоменаа дека ова ќе биде последниот протестен собир, а барањата ќе ги остваруваат преку институциите. Седмиот по ред протест започна од корисничко енергетскиот центар Гостивар (КЕЦ) на ЕВН по што протестантите …

Гостиварци наместо на улица против поскапената струја ќе се борат во институциите Read More »

Единствениот пратеник Македонец во албанскиот парламент го отвори проблемот со Преспанско Езеро


Продолжуваат реакциите по вчерашниот настап на Васил Стерјовски, единствениот пратеник од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, на пленарната седница на албанскиот Парламент. Тој од министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси, побара, меѓу другото одговор за тоа што презема Албанија за еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанско Езеро, како и …

Единствениот пратеник Македонец во албанскиот парламент го отвори проблемот со Преспанско Езеро Read More »

„Инвеститорски ден“: На Берзата склучени 339 трансакции, најмногу од јуни


На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата склучени се вкупно 339 трансакции што е најголем број од јуни до денеска. – Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции, соопшти Македонската берза. Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот денеска надминал милион …

„Инвеститорски ден“: На Берзата склучени 339 трансакции, најмногу од јуни Read More »

Од неоткупениот „вранец“ ќе се прави алкохолен дестилат


Од грозјето „вранец“ кое нема да го откупат винариите, а е со полош квалитет поради лоши временски услови, ќе се прави алкохолен дестилат. Но, и сопствениците на тоа грозје ќе ги добијат предвидените субвенции од државата од два плус два денара. Дополнителната мерка, пак, поврзана со алкохолниот дестилат, ќе ја чини Владата речиси скоро два …

Од неоткупениот „вранец“ ќе се прави алкохолен дестилат Read More »

Заев: Со конкретни мерки се грижиме за лозарите


Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека со конкретни мерки се грижат за лозарите, посочувајќи дека ќе одвојат дополнителни четири денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со Ковид-19. – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ги …

Заев: Со конкретни мерки се грижиме за лозарите Read More »

Во Собранието доставени предлозите за заменици-министри – еве ги нивните имиња


Владата во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието ја достави листата со предлози за заменици-министри. За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат: – Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана; – Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи; – Агим Нухиу, за заменик …

Во Собранието доставени предлозите за заменици-министри – еве ги нивните имиња Read More »

Невозможна мисија – ако го победи Тотенхем, Шкендија ќе игра со подобриот од Ростов – Макаби Хаифа


Денешната жрепка на УЕФА одлучи победникот од дуелот Шкендија – Тотенхем да биде домаќин на победникот од дуелот помеѓу Ростов и Макаби Хаифа. Победникот од тој дуел, кој е закажан за 1 октомври, ќе избори пласман во фазата по групи од новата сезона на Лига Европа. Шкендија сепак има речиси невозможна задача за пласман во …

Невозможна мисија – ако го победи Тотенхем, Шкендија ќе игра со подобриот од Ростов – Макаби Хаифа Read More »

Зголемен бројот на смртни случаи од КОВИД-19 во Франција, првпат од укинување на изолацијата


За прв пат од укинувањето на мерките за изолација, забележавме зголемување на смртните случаи поради Ковид-19, со двојно зголемување на 265 смртни случаи, по 129 од претходната недела, подвлекува здравствената агенција во последното соопштение, јави дописникот на МИА. – Ова се смртни случаи што се забележуваат и во болници и во институции за стари лица, појасни Софи Вокс, епидемиолог …

Зголемен бројот на смртни случаи од КОВИД-19 во Франција, првпат од укинување на изолацијата Read More »

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија


Тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни. Ова денеска на прес-конференција го изјави …

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија Read More »

Новите мерки до крајот на следната недела, помошта ќе зависи колку која е фирма е погодена


Новиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството најверојатно ќе биде презентиран до крајот на следната недела, најави денес премиерот Зоран Заев, кој рече дека оние фирми кои се погодени повеќе од кризата со КОВИД-19, ќе добијат и поголема поддршка. „Помош ќе има за сите и државата е подготвена да направи се во рамките на …

Новите мерки до крајот на следната недела, помошта ќе зависи колку која е фирма е погодена Read More »

Се разгледува дали може да се отвори и дневниот престој, вели Царовска


Се разговаара и за можноста дали евентуално и под кои услови би можел да профункционира дневниот престој, рече денес на прес конференција Министерката за образование Мила Царовска во одговор на новинарско прашање. За таа цел се дискутира со Министерството за труд и социјална политика и со Комисијата за заразни болести, рече таа прецизирајќи дека станува …

Се разгледува дали може да се отвори и дневниот престој, вели Царовска Read More »

Презентирана Националната платформа за онлајн учење – овозможува настава на пет јазици


Учебната 2020-2021 година ќе се одвива преку Националната платформа за онлајн учење, која е инклузивна, едноставна за користење и нуди учење на пет јазици. Платформата е практична, лесна за користење и го доближува образованието и наставните содржини до учениците на каналите кои тие секако често ги користат. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да …

Презентирана Националната платформа за онлајн учење – овозможува настава на пет јазици Read More »

Стопанствениците му испорачаа барања на министерот Бесими, тој прифати дел од нив


Намалување на парафискални давачки, даночен календар за поголема предвидливост и признавање на трошоците за тестовите за Ковид од даночен аспект, се дел од барањата што денеска бизнисмените од Стопанската комора на Македонија му ги упатија на министерот за финансии Фатмир Бесими. Стопанствениците бараат да се разгледа и прашањето за двојното одданочување за приватното здравствено осигурување …

Стопанствениците му испорачаа барања на министерот Бесими, тој прифати дел од нив Read More »

Бејл помина прегледи, ќе игра за Тотенхем


Герет Бејл беше подложен на задолжителни лекарски прегледи пред да го финализира трансферот во Тотенхем. Ова се случи вчера во Мадрид, а денес Велшанецот ќе патува со приватен авион до Лондон и ќе го иницира својот личен договор со „спарси“. Со него ќе лета уште еден играч на Реал – левиот бек Серхио Регилон, кој …

Бејл помина прегледи, ќе игра за Тотенхем Read More »

Фирмите полесно до кредити од банките преку Државната гарантна шема, најави Бесими


Државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките. Државната гарантна шема треба да започне до крајот на годината, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со стопанствениците во Стопанскаата комора на Македонија Како што објави на ФС на Министерството за финансии со 10 милиони евра државна гаранција ќе …

Фирмите полесно до кредити од банките преку Државната гарантна шема, најави Бесими Read More »

Истражување: Лош квалитет, болести… – временските услови ги погодија лозовите насади во Тиквешко


Лозарството и винарството во земјава се едни од најпогодените гранки со кризата, но и со лошите временски услови. Винарниците се полни заради намалената продажба, додека состојбите со бербата 2020 не се ништо подобри. Лозовите насади во Тиквешкиот регион се во лоша здравствена состојба, а кај голем дел од нив, на повеќе локации, констатирано е присуство …

Истражување: Лош квалитет, болести… – временските услови ги погодија лозовите насади во Тиквешко Read More »

Американски избори: Двајца кандидати – две радикално различни кампањи


Доналд Трамп и Џо Бајден, двајца кандидати за претседател на САД, на помалку од два месеци пред претседателските избори, често ги посетуваат истите места, понекогаш и во ист ден, но имаат радикално поинаков пристап кон американските гласачи. Демократот и републиканецот се на турнеја во клучните сојузни држави каде резултатот може да го одреди крајниот победник, …

Американски избори: Двајца кандидати – две радикално различни кампањи Read More »

Москва погодена од ураган (видео)


Москва вчера беше погодена од ураган пропратен со град, грмотевици и силен ветер, поради што во следните два дена прогласено е жолто ниво на опасност. Обилниот дожд поплави голем број улици во главниот град на Русија. Метеоролозите од денеска очекуват пад на температурата на воздухот во текот на ноќта до минус еден степен Целсиусов. https://youtu.be/JbqcNIdGTrI …

Москва погодена од ураган (видео) Read More »