Невозможна мисија – ако го победи Тотенхем, Шкендија ќе игра со подобриот од Ростов – Макаби Хаифа

Денешната жрепка на УЕФА одлучи победникот од дуелот Шкендија – Тотенхем да биде домаќин на победникот од дуелот помеѓу Ростов и Макаби Хаифа.

Победникот од тој дуел, кој е закажан за 1 октомври, ќе избори пласман во фазата по групи од новата сезона на Лига Европа.

Шкендија сепак има речиси невозможна задача за пласман во плеј-офот, откако претходно треба да го елиминира Тотенхем на Жозе Мурињо. За пресметка со лондонскиот тим, тетотвскиот тим се избори откако синоќа го победија на гостински терен романски Ботошани соминимални 1:0.