Се разгледува дали може да се отвори и дневниот престој, вели Царовска


Се разговаара и за можноста дали евентуално и под кои услови би можел да профункционира дневниот престој, рече денес на прес конференција Министерката за образование Мила Царовска во одговор на новинарско прашање.

За таа цел се дискутира со Министерството за труд и социјална политика и со Комисијата за заразни болести, рече таа прецизирајќи дека станува збор за евентуално отворање на дневните престои за децата од пониските одделенија, рече Царовска.

„Се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика, заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите“, рече Царовска, додавајќи дека во моментов нема конкретна одлука и дека штом ќе има конечна информација јавноста ќе биде известена.