Бејл помина прегледи, ќе игра за Тотенхем


Герет Бејл беше подложен на задолжителни лекарски прегледи пред да го финализира трансферот во Тотенхем.

Ова се случи вчера во Мадрид, а денес Велшанецот ќе патува со приватен авион до Лондон и ќе го иницира својот личен договор со „спарси“.

Со него ќе лета уште еден играч на Реал – левиот бек Серхио Регилон, кој исто така ќе стане играч на Тотенхем, но со постојан трансфер. Вчера и Шпанецот беше на медицински прегледи.

Според „Скај Спортс“, едногодишниот престој на Бејл во Тотенхем ќе го чини клубот околу 20 милиони фунти, вклучувајќи пари за платата на Велшанецот и цената на изнајмувањето.