За пописот потребна e јасна политичка изјава дека нема да се злоупотребуваат бројките, порачува Пендаровски


Ќе мора одговорните лидери и на власта и на опозицијата да седнат и да договорат закон за попис кој ќе биде во склад со сите, апсолутно сите највисоки европски стандарди на Еуростат, и второ да договорат, политичка декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот,  се со …

За пописот потребна e јасна политичка изјава дека нема да се злоупотребуваат бројките, порачува Пендаровски Read More »

Имаме исти мерки за заштита од КОВИД-19 со европските земји, но проблемот е во имплементацијата, вели Пендаровски


Од разговорите што сум ги имал со сите луѓе во здравствениот сектор тврдам дека ние не се разликуваме ниту за милиметар од сетот мерки што се преземаат во Холандија, Франција и каде сакате за заштита од КОВИД-19, проблемот е во имплементацијата. Менталитетот на луѓето е таков каков што е, но за жал и менталитетот на …

Имаме исти мерки за заштита од КОВИД-19 со европските земји, но проблемот е во имплементацијата, вели Пендаровски Read More »

Јувентус под карантин


Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени има позитивен тест за Ковид-19, соопшти клубот. Американецот е втор играч на „бјанконерите“ за два дена, кај кој беше пронајден позитивен тест. Во вторникот стана јасно дека заразен е и голгетерот Кристијано Роналдо. Јувентус најави дека го става во карантин целиот тим како мерка на претпазливост, но …

Јувентус под карантин Read More »

ВМРО-ДПМНЕ со 170 амандмани ќе го „напаѓа“ ребалансот на Буџетот


ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот. -Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за …

ВМРО-ДПМНЕ со 170 амандмани ќе го „напаѓа“ ребалансот на Буџетот Read More »

Њујорк тајмс: ЕУ санкционира блиски соработници на Путин поради труењето на Навални  


ЕУ ќе ги замрзне финансиите и ќе забрани влез во Унијата на шест блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин поради труењето и обидот за атентат со отровен хемиски агенс врз рускиот опозиционер Алексеј Навални, дознава Њујорк Тајмс.  Весникот наведува дека под санкции потпаѓаат едни од највисоко поставените службеници во руската власт: Александар Бортников, директор на …

Њујорк тајмс: ЕУ санкционира блиски соработници на Путин поради труењето на Навални   Read More »

Онлајн сервисна служба нуди бесплатна поддршка во образовниот процес за деца со попреченост 


Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со цел да овозможи континуитет во својата работа со децата со попреченост, во партнерство со УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика ја креираше платформата Онлајн сервисна служба, која нуди високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост. Преку платформата, како што соопшти Здружението „Отворете ги прозорците“, се испорачуваат четири вида …

Онлајн сервисна служба нуди бесплатна поддршка во образовниот процес за деца со попреченост  Read More »

Пендаровски: Вон памет е да се разговара за промена на Устав или за промена на договорот со Бугарија


Јас како претседател до моментов немам добиено ништо на  писмено ниту пренесена вербална информација дека на средбата во Софија на Османи му е пренесен некаков сет на барања, како информираа медиумите, вели претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, потврди дека во изминатите три месеци интензивно билатерално се …

Пендаровски: Вон памет е да се разговара за промена на Устав или за промена на договорот со Бугарија Read More »

Азербејџан освои делови во Нагорно Карабах


Азербејџан во судирите со ерменските сили освои неколку локации во Нагорно Карабах. – Азербејџан успеа да го придвижи бојното поле подлабоко во конфликтниот регион, изјави Араџик Харутјунјан, регионален лидер на Нагорно Карабах. Ерменската војска потврди дека азербејџанските сили успеале да навлезат во нови подрачја, што е првпат Ереван да признае воен напредок на своите непријатели. …

Азербејџан освои делови во Нагорно Карабах Read More »

Нов црн рекорд: 445 заразени од Ковид-19, починаа 9 лица


Со неколкучасовно задоцнување Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа има рекордни 445 инфицирани од Ковид-19. Направени се 2.441 тестирања. И бројката на починати е поголема – денеска животот го загубија деветмина, сите во болница. Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти. Во Скопје има повеќе од половина од новите инфекции …

Нов црн рекорд: 445 заразени од Ковид-19, починаа 9 лица Read More »

Царовска, Битиќи и Бектеши: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија


Министерката за образование и наука Мила Царовска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на Германското друштво за интернационална соработка, денеска одржаа состанок на работната група за развој на стратегија за паметната специјализација којашто има за цел да создаде инклузивна и одржлива економија во Северна Македонија. Паметната специјализација, како …

Царовска, Битиќи и Бектеши: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија Read More »

Два македонски тима во конкуренција за глобална награда на НАСА


Два македонски тима составени од девет девојки и момчиња на возраст од 15 до 19 години ќе не претставуваат на светскиот натпревар за иновации за Земјата и Вселената – NASA Space Apps Challenge во организација на вселенската агенција НАСА и ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред врвни експерти. Двата победнички тима интензивно …

Два македонски тима во конкуренција за глобална награда на НАСА Read More »

Бесими кај Пендаровски: Да се реализираат проектите клучни за развој на државата


Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. На средбата, соопшти Министерството за финансии, се дискутираше за сите предизвици со кои се соочуваме на економски план во услови на глобална пандемија. -Реализацијата на инфраструктурните проекти, како и континуираното спроведување на мерките што се преземаат во насока на поддршка на …

Бесими кај Пендаровски: Да се реализираат проектите клучни за развој на државата Read More »

Август ги врати домашните туристи – раст од 8,9 отсто во однос на лани, странски „ни за лек“


Туризмот во август годинава бележи пораст кај домашните туристи за 8,9 отсто, при што намалувањето на бројот на странските туристи во овој меец изнесува 92,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесувал 133.704, а бројот на ноќевањата 684.719. Бројот на туристите …

Август ги врати домашните туристи – раст од 8,9 отсто во однос на лани, странски „ни за лек“ Read More »

Пандемијата предизвика драстичен пад на емисиите на штетни гасови


Поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19  забележан е најголем пад на емисиите на штетни гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, во првата половина од годината, соопштија научниците од пекиншкиот Универзитет Цинхуа. Тие тврдат дека е забележан многу поголем пад на мисиите на штетни гасови од времето за финансиската криза во 2008 година, …

Пандемијата предизвика драстичен пад на емисиите на штетни гасови Read More »

Отворена фабрика за медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра


Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска отвори производствен капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра. Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско-физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани …

Отворена фабрика за медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра Read More »

Трговците биле дисциплинирани – во Викендот без ДДВ имало 15 прекршоци за цените


Пазарните инспектори за време на Викендот без ДДВ констатирале 15 прекршоци на Законот за трговија и за заштита на потрошувачите. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција соопшти дека за време на спроведување на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат извршиле контрола во насока на тоа дали цените на производите внесени …

Трговците биле дисциплинирани – во Викендот без ДДВ имало 15 прекршоци за цените Read More »

Не е само Пошта, приватно партнерство ќе се бара и за ТЕЦ „Неготино“, „Железници – Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“…


Не само за Пошта, туку и за други компании во кои државата има учествои или се во нејзина сопственост, ќе се бараат модели за јавно-приватно партнерстто или приватизација, најави денес премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање. Во однос на трансформацијата на Поштата, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано …

Не е само Пошта, приватно партнерство ќе се бара и за ТЕЦ „Неготино“, „Железници – Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“… Read More »

Владата не попушта – останува на проценките за пад на БДП од 4,4 отсто


Владата ги следи сите параметри во делот на БДП, на задолжувањето, во делот на приходите на државата и севкупните движења и тенденции, и нашите проекции се дека очекиваме пад на економијата од 4,4 проценти, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ги најновите прогнози на ММФ, кои предвидуваат намалување на бруто домашниот производ на земјата за …

Владата не попушта – останува на проценките за пад на БДП од 4,4 отсто Read More »

Ангеловска-Бежоска – Паолучи: Мерките на Народната банка придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата


Од исклучително значење за македонската економија се вложувањата на Народната банка во одржувањето на финансиската стабилност. Ова се согледува и во текот на ковид-кризата, кога сите стандардни показатели за оценка на состојбите во банкарскиот систем се задржуваат на солидно ниво. Светската банка постојано ги следи активностите и спроведувањето на препораките, вклучително и во однос на …

Ангеловска-Бежоска – Паолучи: Мерките на Народната банка придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата Read More »

ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините


Рокот за аплицирање за јавниот повик за Дигитализација на општините се продолжува до 19.10.2020 до 12 часот, соопштија од  Фондот за иновации и технолошки развој. Причината е, како што појаснувааат, зголемениот интерес од компаниите и големиот број дополнителните прашања и сугестии од потенцијалните апликанти. Целта на повикот е развој на дигитални алатки и решенија за подобри …

ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините Read More »