Царовска, Битиќи и Бектеши: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија


Министерката за образование и наука Мила Царовска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на Германското друштво за интернационална соработка, денеска одржаа состанок на работната група за развој на стратегија за паметната специјализација којашто има за цел да создаде инклузивна и одржлива економија во Северна Македонија.

Паметната специјализација, како што беше истакнато на состанокот, преставува пристап на интегрирана економска трансформација која се базира на специјализација односно на искористување на постојните потенцијали во економијата (бизнисот), иновациите и науката. Имплементирањето на овој процес подразбира развивање стратегии за образование и развој на вештини и за иновации коишто треба да се прилагодат на реалните потреби на пазарот на трудот, но и на конкурентноста и на регионалниот развој.

Развојот на оваа стратегијата во која се вклучени сите важни партнери како државните институции, претпријатија, како и научните институции, треба да ги дефинира областите на кои државата ќе ги насочи своите иновации кои се од суштинско значење за создавање одржлив развој на земјата и поголем просперитет на граѓаните.