ВМРО-ДПМНЕ со 170 амандмани ќе го „напаѓа“ ребалансот на Буџетот

ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот.

-Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста, информира вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на ТВ Сител.

Тој рече дека продолжуваат со  дијалог во Собранието и оти активно учествуваме во подобрување на ребалансот на Буџетот. Од страна на Владата ќе видиме колкав е капацитетот за дијалог во интерес на граѓаните, а од гледна точка на парламентарна процедура уште утре ќе видите дека тековно функционира Собранието,  наведе Муцунски.

Опозицијата, како што рече, својата поддршка за предлог законот ја условува со прифаќањето односно неприфаќањето на амандманите.