Германија ќе обезбеди 22 милијарди евра помош за компаниите во првата половина од идната година


Германија очекува да исплати финансиска помош до 22 милијарди евра од јануари до јуни 2021 година за компаниите и самовработените поради пандемијата на новиот коронавирус. Пакетот помош на Германија во ноември за обештетување на компаниите погодени од рестриктивни мерки ќе изнесува 14 милијарди евра, откри извор запознат со таа тема за ДПА. Владата првично очекуваше …

Германија ќе обезбеди 22 милијарди евра помош за компаниите во првата половина од идната година Read More »

Британија планира укинување на продажба на бензиски и дизел автомобили од 2030 година


Британскиот премиер Борис Џонсон планира следната недела  да објави забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030, пет години порано од планираното, објави Фајненшл тајмс. Велика Британија првично планираше да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензин и дизел од 2040 година, како дел од напорите за намалување на емисиите на …

Британија планира укинување на продажба на бензиски и дизел автомобили од 2030 година Read More »

Со финансиска помош од САД се надгрaдуваат капацитетите на Клиниката за хематологија


Ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Тоа, како што истакнаа министерот за здравство Венко Филипче и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз при денешната посета на клиниката, ќе биде направено со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски …

Со финансиска помош од САД се надгрaдуваат капацитетите на Клиниката за хематологија Read More »

Ангеловски: Истрошени сме, ама одиме на победа и прво место во Лига на нации


На официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации против Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа и напад на првото место во групата. -Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први …

Ангеловски: Истрошени сме, ама одиме на победа и прво место во Лига на нации Read More »

Македонија официјално членка на Организацијата за црноморска економска соработка, поблиску до пазар од 350 милиони жители


На 9 ноември Република Северна Македонија официјално стана 13-та членка на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), која се протега на два континента и економски поврзува над 350 милиони жители,  покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри. Министерот за надворешни работи Бујар Османи по тој …

Македонија официјално членка на Организацијата за црноморска економска соработка, поблиску до пазар од 350 милиони жители Read More »

Виенскиот економски институт ја влоши прогнозата за македонскиот БДП на минус 6 отсто


Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW) ја влоши прогнозата за падот на домашниот бруто-производ на Македонија на шест отсто годинава, се вели во најновите есенски прогнози за земјите од централна, источна и југоисточна Европа (ЦЕЕСЕ). Виенскиот институт укажува дека закрепнувањето на економиите во овој дел на Европа ќе се одвива бавно и ќе зависи …

Виенскиот економски институт ја влоши прогнозата за македонскиот БДП на минус 6 отсто Read More »

Без Пандев, Адеми и Димитриевски против Естонија и Ерменија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги ослободи од обврските за средбите со Естонија и Ерменија, капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски. Прекоманда од селекцијата до 21 година во А-тимот, добија Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков. Сепак, Јанков ќе биде на располагање на младинската репрезентација за дуелот со Црна …

Без Пандев, Адеми и Димитриевски против Естонија и Ерменија Read More »

Предлогот за неработна недела позитивно оценет од Економско социјалниот совет


Предлогот недела да биде неработен ден е позитивно оценет од страна на Економско-социјалниот совет во кој членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како социјални партнери. На состанокот со кој претседавала министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, било констатирано дека сепак мора да има исклучоци од оваа одлука особено за оние дејности кои се оценети …

Предлогот за неработна недела позитивно оценет од Економско социјалниот совет Read More »

(Фото) Во Неапол состојбата во болниците е алармантна, болни во автомобили чекаат за кислород


Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави дека корона-кризата во Неапол е „надвор од контрола“. Објавени се алармантни извештаи за состојбата во болниците, пациенти лекувани во нивни автомобили на паркинг, а едно видео особено ја шокираше јавноста, пренесува Хина. Изјавата на министерот за надворешни работи следеше откако на социјалните мрежи се прошири видео …

(Фото) Во Неапол состојбата во болниците е алармантна, болни во автомобили чекаат за кислород Read More »

Ќе се врати ли во живот ТЕЦ „Неготино“ со американски пари


Изјавата на премиерот Заев дека „Џенерал електрик“ е заинтересиран за ТЕЦ „Неготино“ поттикна многу многу надежи околу иднината на термоцентралата која служи како ладна резерва на домашниот електроенергетски систем    Мирче Јовановски Енергетскиот објект во срцето на Македонија, термоцентралата „Неготино“ би можел да се разбуди од повеќегодишната хибернација и повторно да заживее во вистински американски …

Ќе се врати ли во живот ТЕЦ „Неготино“ со американски пари Read More »

НЛБ Банка воведе можност за бесконтактни трансакции на банкоматите


НЛБ Банка воведе можност за бесконтактно користење на услугите на своите банкомати. Оваа иновативна придобивка е достапна за сите корисници на бесконтактни платежни картички, како и за сите корисници кои имаат апликација за мобилен паричник. Во моментов услугата за бесконтактни трансакции е достапна на 80 НЛБ банкомати низ земајва. Бесконтактните банкомати овозможуваат едноставни, брзи и …

НЛБ Банка воведе можност за бесконтактни трансакции на банкоматите Read More »

Пратениците расправаат за пропаѓањето на Еуростандард банка


Дозволата за работа на „Еуростандард банка“ беше одземена заради констатирана несолвентност по исцрпување на сите можности, порача гувернерката Анита Ангелоска Бежоска на надзорната расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“ што денеска се одржа во Собранието во организација на Комисијата за …

Пратениците расправаат за пропаѓањето на Еуростандард банка Read More »

Потврден корона вирусот кај визони и во Грција


Позитивни на коронавирусот се резултатите од деветте примероци земени од живи и мртви визони во фарма во грчкиот град Козани, откако претходно беше потврден Ковид-19 кај еден од фармерите, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на ветеринарната служба од Козани, Теофилос Канѕоглу, во изјава за медиумите вели дека во конкретната фарма има 2.500 животни, …

Потврден корона вирусот кај визони и во Грција Read More »

Како да се заштитите од измами на интернет – АЕК започна кампања со едукативни видеа и анимации


Покревање и јакнење на јавната свест за значењето на сајбер-безбедноста е целта на двете кампањи  за заштита од измами на интернет, што ги подготви Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) кој е дел од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Кампањите се едукативни и ги опфаќаат проблемите со компјутерски измами со кои најчесто се …

Како да се заштитите од измами на интернет – АЕК започна кампања со едукативни видеа и анимации Read More »

Двојно намалена извршената работа на домашните градежници во странство


Во периодот јануари ‒ септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 200.928.000 денари, што е за 17 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првите девет месеци од годинава  градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во …

Двојно намалена извршената работа на домашните градежници во странство Read More »

Грчки медиуми: Северна Македонија испиша историја


Синоќешниот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство не поминаа незабележани од грчките онлајн изданија на медиумите, како информативните, така и спортските, кои коментираат дека станува збор за „историска победа“ и „испишана историја“, јави дописничката на МИА од Атина. „Историски пласман на Северна Македонија на Европско првенство“; „Пандев ја испрати Северна Македонија …

Грчки медиуми: Северна Македонија испиша историја Read More »

Пратениците повторно не расправаа за задолжително пензионирање на 64-годишна возраст


Собраниската Комисија за труд и социјална политика на која требаше да бидат разгледани измените и дополнувањата на Законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, и денеска не се одржа. Седницата на комисијата е презакажана за 18 ноември. Комисиската расправа …

Пратениците повторно не расправаа за задолжително пензионирање на 64-годишна возраст Read More »

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември


Од 16 до 22 ноември годинава виртуелно ќе се одржи Глобалната недела на претпримништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите …

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември Read More »

Не даваме заклетва на личност, туку на Уставот, вели највисоко рангираниот офицер во американската армија


Највисоко рангираниот офицер во американската армија, началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генералот Марк Мили, синоќа испрати значајна порака откако Доналд Трамп почна со смените на функционери во Пентагон, по минатонеделниот пораз на изборите. Како потсетување, само неколку дена по објавувањето на победата на Бајден на претседателските избори, Трамп го разреши министерот за одбрана …

Не даваме заклетва на личност, туку на Уставот, вели највисоко рангираниот офицер во американската армија Read More »

Комплетирани сите групи за Европското фудбалско првенство


Со одигрување на четирите баражи синоќа се комплетираа шесте групи за ЕУРО 2020 коешто ќе се игра следната година поради пандемијата на коронавирус. Покрај македонската репрезентација, синоќа учество на континенталниот собир обезбедија уште и Шкотска, Словачка и Унгарија. Состав на групите за ЕУРО 2020: Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија. Група Б: Данска, Финска, Белгија, …

Комплетирани сите групи за Европското фудбалско првенство Read More »