Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември


Од 16 до 22 ноември годинава виртуелно ќе се одржи Глобалната недела на претпримништво (ГНП), еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји ширум светот и поврзува над 10000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништво, зајакнување на партнерства и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемништво во сите земји.

Оваа година четирите теми на ГНП се стекнувањето претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование, инспирирањето на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка која ќе овозможи основа на претприемачите за скалирање на нивните бизиси, намалување на бариерите за основање бизниси особено за младите и жените т.е. поттикнување на инклузивноста во бизнисот и квалитетно креирање политики како соработка меѓу екосистемот и Владата.

Домаќин на Глобалната недела на претприeмништво во земјава е асоцијацијата Стартап Македонија, а настанот може да се следи на Facebook #GEW2020 #innovation LinekdIn #GEWInclusion #startups Twitter #GEWЕducation #entrepreneurships Instagram #GEWPolicy #GEWEcosystem .