Британија планира укинување на продажба на бензиски и дизел автомобили од 2030 година

Британскиот премиер Борис Џонсон планира следната недела  да објави забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030, пет години порано од планираното, објави Фајненшл тајмс.

Велика Британија првично планираше да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензин и дизел од 2040 година, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетни гасови.

Во февруари, сепак, Џонсон го смени тоа за 2035 година.

Цитирајќи свои сопствени извори од индустријата и владата, весникот нагласува дека Џонсон има намера да го помести крајниот рок повторно на говор за еколошката политика, што се очекува да го одржи следната недела.

Податоците од индустријата покажуваат дека автомобилите со бензински и дизел мотори учествуваат со 73,6 отсто во продажбата на нови автомобили оваа година, додека само 5,5 отсто од продажбата се за чисто електрични возила, што обично се поскапи. Хибридните возила од различни видови отпаѓаат на другите продажби.