Со финансиска помош од САД се надгрaдуваат капацитетите на Клиниката за хематологија

Ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Тоа, како што истакнаа министерот за здравство Венко Филипче и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз при денешната посета на клиниката, ќе биде направено со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави

Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година. Финансиската поддршка се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Амбасадорката Брнз изјави дека со проширениот и обновен објект на клиниката ќе биде од корист не само на граѓаните на Северна Македонија туку од целиот регион.

Таз изрази благодарност на диреторката на клиниката Ирина Пановска Ставридис за овој проиект, но и за другите залагања за унапредување на болницата. Благодарност искажа и до министерот Филипче за парнерската соработка и за раководењето на активностите за справување со корона-кризата.

-Многу работи се сменија откако почнавме да разговараме за овој проект. С Македонија стана дел од НАТО, санавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на пристапниот процес, а се слули и пандемијата на Ковид-19. Тоа што не се смени во сите овие години е заложбата на САД да работи со СМакедонија за подобрување на здравствениот систем. Среќна сум што таа соработка се развива. Ќе продлжима да работиме заедно не само за справување со пандемијата туку и за зајакнување на здравствениот систем, науката, технологијата во интерс на сите граѓани, рече амбасадорката Брнз.

Министерот Филипче потсти дека Амбасадата на САД беше првата што помогна со лична заштитна опрема,  со 60 респиратори што ги добивме преку НАТО и со уше еден проект којшто е  вреден 300 илјади евра за поддршка на нашиот здравствен систем во делот на медицинска опрема која ни е потребна за справување со ковид кризата.

– Ова е уште еден доказ дека пријателите и партнерите треба да се тука и да се најдат кога е најмногу потребно, а САД го докажаа токму тоа дека стратешкото партнерство вреди тогаш кога пријателите се тука да помогнат и да се најдат да се пребродат тешки моменти посебно една ваква криза која што е криза во целиот свет, рече Филипче.

Кажа дека со поддршка од САД која трае подгол приод, реновирани се капацитети и во болницата „8Септември“, изградена е нова зграда во болницата во Демир Хисар, реновирано е одделението за неврологија во Клиничкиот центар, а во тек се работи и на Клинката за максилофацијална хирургија.

– Овој проект за надградување физичка и инфраструктурна на Клиниката за хематологија за нашите пациенти значи многу. Значи дека таа нова метода која што започна да се прави на оваа Клиника благодарение на овој тим, на овие лекари предводени од директорката и менаџерите на Клиниката пред две години, метода која што дотогаш не беше можно да се направи на нашата Клиника и пациентите се праќаа во странство практично ќе значи дека ќе се одвива во многу подобри услови, ќе имаат пристап многу поголем број на пациенти и секако метода која што ќе може како и сега да се нуди во околните земји заради тоа што таа метода не се прави никаде во нашиот поблизок регион, рече Филипч и им се заблагодари на сите вклучени во проектот и на сите ангажирани во справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Тој изрази надеж дека соработката со Амбасадата и со САД ќе продолжи и понатаму заради тоа што  кризата покажа оти врските посебно во делот на здравството се многу битни и нераскинливи.

Директорката на Клиниката за хематологија  Пановска Ставридис поосчи дека со помошта од САД се надгради еден спрат на клиниката и ќе се зголемат просторните капацитети. Со оваа донација се заокружува процесот на реновирање што заедно со веќе воведените нови и современи методи за лекување прави клиниката да прерасне во регионален центар за лекување на пациентите со малигни и  хематолошки заболувања.

-Досега нашата клиника имаше капацитет да спроведува 50-60 трансплантации годишно и притоа пациентите од регионот коишто бараа здравствена помош кај нас многу често не можевме да ги прифатиме бидејќи немавме просторни услови. Сега со новоизградениот оддел ние прераснуваме во регионален центар и директна корист со оваа донација ќе имаат  сигурно околу стотина македонски здравстрвени корисници и на годишно ниво и 20 пациенти од регионот, истакна Ставридис.