Работењето во недела да се смета за прекувремена работа, предлага КСС


Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува кој ќе работи, а кој не. Сметаат дека на овој начин ќе се уназадат правата на работниците и предлагаат во став …

Работењето во недела да се смета за прекувремена работа, предлага КСС Read More »

НАСА за мистериозниот објект што кружи околу Земјата: Не е астероид, туку ракета


Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денеска астрономите на НАСА. Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА од Пасадена во Калифорнија. Кога беше откриен во септември, се веруваше дека објектот е астероид, меѓутоа, еден од …

НАСА за мистериозниот објект што кружи околу Земјата: Не е астероид, туку ракета Read More »

Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден, велат од ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена за неработен ден. Во реакцијата од ССМ се наведува дека предлогот на Министерството за труд и социјална политика е во насока …

Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден, велат од ССМ Read More »

Јурова: Одблиску ја следиме ситуацијата со словенечката новинска агенција СТА


Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, порача дека е запознаена со заканите на словенечките власти да се престане со финансирање на националната новинска агенција СТА и дека во моментов се одвиваат редовни контакти со словенечките власти, таа воедно потсети дека Словенија сѐ полошо е рангирана во однос на слободата на медиумите, јави дописничката на МИА …

Јурова: Одблиску ја следиме ситуацијата со словенечката новинска агенција СТА Read More »

Десетгодишен јубилеј на изборот ТОП 100 најуспешни компании на Стопанска комора на северозападна Македонија


Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, и оваа година го организира изборот на најуспешните и најмоќните компании „ТОП 100“, овој пат како специјално 10. јубилејно издание. Десеттото издание на „ТОП 100“ најуспешни компании ќе се одржи на 9 декември 2020 (среда), во хотел „Хилтон“ во Скопје. Поради актуелната пандемија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, почитувајќи ги …

Десетгодишен јубилеј на изборот ТОП 100 најуспешни компании на Стопанска комора на северозападна Македонија Read More »

Бислимоски: Зголемувањето на енергетската независност е гарант за сигурна енергетска иднина


Реформите мора да продолжат, а инвестициите во енергетскиот сектор да се откочат и да бидат приоритет кај сите земји затоа што пандемијата покажа дека зголемувањето на енергетската независност и самостојност е гарантор за сигурна енергетска иднина, порача Марко Бислимоски  на 47-от состанок на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB). Состанокот, со кој претседаваше претседателот …

Бислимоски: Зголемувањето на енергетската независност е гарант за сигурна енергетска иднина Read More »

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2020 година од магазинот The Banker


Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и цел свет, со соочува со пандемија од досега невидени размери, велат од Комерцијална банка    Комерцијална банка АД Скопје со гордост …

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2020 година од магазинот The Banker Read More »

Колку време е потребно да се заразите, ако сте во соба со некој која има КОВИД-19? Пресметајте сами!


Математичарите од американскиот МИТ универзитет создадоа формула за пресметка на веројатноста од зараза со короннавирусот (линк)   Кои се шансите некој да добие коронавирус зависи од голем број варијабли… Од тоа – колку време една личност е изложена на вирусот, колку време поминала со заразено лице, под кои услови, до она што правеле и слично. …

Колку време е потребно да се заразите, ако сте во соба со некој која има КОВИД-19? Пресметајте сами! Read More »

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД


Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на Фајзер против Ковид-19 не ги проучувале податоците од студијата толку внимателно како што ги испитува американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед, тврди Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести. – Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистински …

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината внимателно за разлика од САД Read More »

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН


Комисијата на ОН за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати. Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“. Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште …

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН Read More »

Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Битиќи


Политики што резонираат со потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните како и наоѓање на системски решенија за решавање на проблемите се вредности по кои се водам при секојдневното донесување на одлуки. За да сме сигурни дека решенијата и политиките се одржливи и соодветни, сметам дека е од исклучителна важност тие да се донесени …

Прв состанок на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Битиќи Read More »

Намибија преку оглас продава 170 заштитени диви слонови


Властите во Намибија објавија продажба на 170 заштитени диви слонови, поради сушата и зголемувањето на нивниот број. Огласот го објави Министерството за животна средина, шумарство и туризам. Во објавата на државниот дневен весник „Нова ера“ се наведува дека причина за тоа е зголемениот број несреќи како резултат на средби меѓу луѓе и слонови. Овие слонови, …

Намибија преку оглас продава 170 заштитени диви слонови Read More »

Министерски совет на ОБСЕ, се очекува избор на извршители на најважните функции


Денеска и утре се одржува годишниот министерски совет на ОБСЕ на кој се очекува земјите членки да постигнат договор за избор на неколку најважни позиции во оваа најголема регионална безбедносна организација. Од јули до сега претставниците на 57-те земји-членки не успеаја да постигнат договор за неколку водечки позиции во ОБСЕ. Германската дипломатка Хелга Шмид е главен фаворит за нов генерален секретар на Организацијата …

Министерски совет на ОБСЕ, се очекува избор на извршители на најважните функции Read More »

Жителите на Лос Анџелес добија наредба да останат дома поради Ковид-19


Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети објави итна наредба, со која им се наложува на сите жители на градот да останат во своите домови поради зголемување на бројот на заразени случаи со коронавирус. Наредбата на градоначалникот стапи во сила веднаш. Гарсети привремено ја повлече претходната наредба „Посигурни дома“ и издаде нова „неопходна за заштита на …

Жителите на Лос Анџелес добија наредба да останат дома поради Ковид-19 Read More »

Меѓународен ден на лицата со посебни потреби


Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица. Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта …

Меѓународен ден на лицата со посебни потреби Read More »

Сообраќајот по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ информира дека  утре (петок) на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани, ќе има привремени прекини на сообраќајот …

Сообраќајот по наместа влажни коловози Read More »

Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар


Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб, а една од нив ќе биде угостителските објекти и оние кои имаа услужни дејности, ќе можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени. Новите рестриктивни мерки ќе …

Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар Read More »

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост


ЦИУЕ „Театар Пи“ од Скопје во соработка со ЦПЛИП „Порака“ од Скопје по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост започнува со мултимедијална кампања со наслов „Прозорците што се смеат“.   Фокусот на проектот, информираат организаторите на кампањата, е да се развие разбирање за потешкотиите со кои ранливите групи се соочуваат кога …

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост Read More »

Силен земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово ја потресе Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Потресот се случил во 7 часот и 45 минути. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, 22 километри западно од градот Сирт и седум километри северно од Курталан, југоисточна Турција.

Интервју со Марјан Николов: Популизмот и клиентелизмот го еродираа пазарниот амбиент


Експанзијата на задолжување за проектот „Скопје 2014“, земјоделските субвенции, засилените предизборни буџетски трошења, откупот на долгот и неплатените обврски на ЕЛС и јавните претпријатија итн, се индикации дека дел од долгот на државата e нелегитимен (odious debt), вели Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи   Мирче Јовановски Според Центарот за економски анализи, во …

Интервју со Марјан Николов: Популизмот и клиентелизмот го еродираа пазарниот амбиент Read More »