25 Години од потпишувањето на Дејтонскиот договор


На денешен ден пред 25 години во Париз беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во БиХ, попознат како Дејтонски договор, со што се стави крај на војната во Босна и Херцеговина. Договорот, кој беше постигнат на 21 ноември 1995 година, на 14 декември го потпишаа поранешните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и …

25 Години од потпишувањето на Дејтонскиот договор Read More »

Почна кампањата за вакцинација во САД, операцијата означена како „Денот Д“


Дистрибуцијата на вакцини во САД, кои приоритетните групи треба да ги добиваат од денеска, е предизвик со зачудувачки размери и една од најкомплицираните логистички мисии во историјата на САД, која американските власти ја споредуваат со Денот Д, како почеток на крајот на пандемијата што ја наруши економијата и секојдневниот живот, оценуваат западни медиуми. Авиони и …

Почна кампањата за вакцинација во САД, операцијата означена како „Денот Д“ Read More »

Откупот на тутунот продолжи со старите проблеми – тутунарите се жалат на нереална проценка


Во осум часот утрово продолжи откупот на тутунот. Утре се очекува да бидат отворени сите пунктови. Но, производителите веќе се жалат на одредени нерегуларности при проценката поради што е неизвесно, како што велат, дали ќе се чека на средбата со министерот до петок, како што беше договорено, или порано ќе интервенираат. -Пунтковите денеска се отворени, …

Откупот на тутунот продолжи со старите проблеми – тутунарите се жалат на нереална проценка Read More »

Француската централна банка ја намали економската прогноза, очекува пад од 9 отсто


Француската економија следната година ќе се опорави кога ќе бидат укинати ограничувањата воведени поради Ковид-19, но не така брзо како што претходно сеочекуваше, објави денеска Банката на Франција (Централна банка). – Оваа година економскиот пад ќе изнесува 9,0 отсто, откако втората најголема економија во евро зоната ќе се опорави околу пет проценти во 2021 и …

Француската централна банка ја намали економската прогноза, очекува пад од 9 отсто Read More »

Ваучерите за домашен туризам важат до утре, се затвора платформата „Дома си е дома“


Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, соопшти Министерството за економија. Од таму информираат дека заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси. Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам …

Ваучерите за домашен туризам важат до утре, се затвора платформата „Дома си е дома“ Read More »

Со контејнери за свежа туна сега ќе се превезуваат вакцини против корона


Ова е еден од најголемите логистички предизвици во модерната историја: Како милиони дози вакцина за КОВИД-19, кои мора да се чуваат на неверојатно ниски температури, брзо ќе се транспортираат преку континентите и океаните? Една компанија го користи своето искуство со туната како водич. „Термо кинг“ – која направи револуција во транспортот на храна преку напредок …

Со контејнери за свежа туна сега ќе се превезуваат вакцини против корона Read More »

„Рио Тинто“ најде големи резерви на литиум во Србија, неопходен за батерии за електромобили


Британско-австралиската рударска групација „Рио Тинто“ откри резерви на чиста руда и ги ажурираше податоците за минералните ресурси на нејзиниот проект за истражување и преработка на литиум борат во Јадар, Србија, се вели во соопштението. Резервите на руда изнесуваат 16,6 мегатони со 1,81 процент литиум оксид и 13,4 проценти бор триоксид, наведува „Рио Тинто“ во извештајот …

„Рио Тинто“ најде големи резерви на литиум во Србија, неопходен за батерии за електромобили Read More »

Со стартен број 41 – Словенецот Чатер сензационален победник на спустот во Вал Д“ Изер


Словенечкиот скијач Мартин Чатер приреди сензација на денешниот спуст од Светскиот куп, минувајќи прв низ целта на патеката во Вал Д”Изер со стартен број 41. Дваесетипетгодишниот Чатер до својата прва победа во кариерата дојде со одлично возење, а му помогна и среќата, бидејќи во време кога се појави на стартот францускиот зимски центар го огреа сонце, а …

Со стартен број 41 – Словенецот Чатер сензационален победник на спустот во Вал Д“ Изер Read More »

ПМФЛ: Шкендија есенски првак


Шкендија на едно коло пред почетокот на зимската пауза ја обезбеди титулата есенски првак во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираше на гостувањето кај Академија Пандев. Триумфот на Шкендија и го донесе најмладиот стрелец во историјата на ПМФЛ, 16-годишниот Дашмир Елези, со својот трет гол сезонава. Во пресрет на последното есенско коло, кое …

ПМФЛ: Шкендија есенски првак Read More »

Фискална стратегија: Удвојување на економскиот раст и намалување на невработеноста до 12,4 отсто за пет години


На среден рок се предвидува просечната стапка на економски раст да достигне 5 отсто, невработеноста да се намали на 12,4 проценти, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1 отсто, се наведува во проекции на ревидираната Фискална стратегија, која првпат дава проекција за епт наместо три години, во насока на подолгорочно планирање. Според овие …

Фискална стратегија: Удвојување на економскиот раст и намалување на невработеноста до 12,4 отсто за пет години Read More »

Во Вашингтон судир меѓу приврзаниците на Трамп и на АНТИФА


Неколку лица се повредени, а повеќе од 20 уапсени во новиот судир меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и АНТИФА на демонстрациите што се одржаа синоќа во Вашингтон. Според американските медиуми, на насилните демонстрации учествувале повеќе од 200 членови на насилната, десничарска група „Горди момчиња“ (Proud Boys) кои се приклучија на приврзаниците на Доналд …

Во Вашингтон судир меѓу приврзаниците на Трамп и на АНТИФА Read More »

Хрватска прогласува економски појас на Јадранот


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека хрватската Влада утре ќе донесе предлог одлука за прогласување на ексклузивна економска зона на Јадранот. Пленковиќ на Твитер објави дека „одржал консултации со словенечкиот и италијанскиот премиер Јанез Јанша и Џузепе Конте во врска со прогласувањето на ексклузивната економска зона на Хрватска на Јадранот“. Тој изјави дека владата утре …

Хрватска прогласува економски појас на Јадранот Read More »

Најавата за нови рестриктивни мерки ги мобилизира угостителите – бараат итна средба со Комисијата за заразни болести


Независна угостителска комора (НУК) достави барање до Комисијата за заразни болести за учество на угостителите на работниот состанок утре по повод најавата за целосно заклучување или нови рестриктивни мерки наменети за работењето на угостителските објекти. „Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите препораки за …

Најавата за нови рестриктивни мерки ги мобилизира угостителите – бараат итна средба со Комисијата за заразни болести Read More »

ЕФА: Најдобар европски филм „Уште една рунда“ на Томас Винтерберг


Данскиот филм „Уште една рунда“ триумфираше синоќа на Онлајн церемонијата на доделувањето на 33-те Европски филмски награди во Берлин, со освојување на четири главни награди – за најдобар европски филм, за најдобар актер – Мадс Микелсен, за најдобро сценарио и режија – Томас Винтерберг. Наградите на Европската филмска академија (ЕФА) беа доделени во категориите: Иновативно …

ЕФА: Најдобар европски филм „Уште една рунда“ на Томас Винтерберг Read More »

Цивил: Во Штип и Пласница мирен и навремен почеток на изборниот ден


Изборниот ден во општините Штип и Пласница започна мирно и навремено, соопшти невладината организација Цивил. – Набљудувачите на Цивил известуваат дека имало неколку случаи во кои бележат непочитување на здравствените протоколи. На неколку места е забележано отстранување графити на објектите во кои се наоѓаат избирачките места, што е соодветно на правилата, се наведуца во соопштението …

Цивил: Во Штип и Пласница мирен и навремен почеток на изборниот ден Read More »

Трамп ги нападна Врховниот суд и Јавниот обвинител


Претседателот на САД Доналд Трамп го нападна Врховниот суд во саботата затоа што одби да ја разгледа тужбата што Трамп се надеваше дека ќе ја поништи победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, а за Јавниот обвинител Вилијам Бар рече дека претставува „разочарување“. Највисокиот суд на државата во петокот вечерта го отфрли невидениот …

Трамп ги нападна Врховниот суд и Јавниот обвинител Read More »

Столтенберг по повод 25 години од Дејтонскиот договор: Улогата на НАТО беше клучна за БиХ


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, синоќа, по повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот договор, рече дека присуството на војниците на НАТО одигра клучна улога во тоа да се донесат завојуваните страни на преговарачката маса. Како што рече, по потпишувањето на Дејтонскиот договор, силите на НАТО го надгледуваа неговото спроведување и оттогаш се присутни за …

Столтенберг по повод 25 години од Дејтонскиот договор: Улогата на НАТО беше клучна за БиХ Read More »

Џошуа со нокаут ја одбрани титулата светски првак


Британскиот „тешкаш“ Ентони Џошуа (31) ја одбрани титулата светски првак, нокаутирајќи го бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулет (39) во присуство на публика во лондонската ССЕ Арена. Џошуа доминираше во текот на целиот меч, задавајќи му на Пулев мноштво силни и прецизни удари, ескивирајќи ги притоа неколкуте случајни удари со кои бугарскиот боксер се обидуваше да го …

Џошуа со нокаут ја одбрани титулата светски првак Read More »

Далечниот Исток на далечната Месечина


Кина се придружи на земјите кои ја истражувале Месечината, но има многу поголеми планови. Киенската програма Чанг’е, наречена по божицата на Месечината, почна во 2005 година   Во Кина постои легенда која со векови се пренесуваше по устен пат, а подоцнежните записи за неа стигнаа до американскиот писател Херберт Сима, што ги објави во својата …

Далечниот Исток на далечната Месечина Read More »

Поддршка од владината коалиција и од САД за барање решение со Бугарија


Поддршка од коалиционите партнери во Владата за премиерот Зоран Заев да продолжи со барањето на решение со Бугарија, но и порака од САД дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија, продолжуваат да пристигаат и неколку дена по ветото на преговарачката рамка на нашата држава со Европската …

Поддршка од владината коалиција и од САД за барање решение со Бугарија Read More »