„Рио Тинто“ најде големи резерви на литиум во Србија, неопходен за батерии за електромобили


Британско-австралиската рударска групација „Рио Тинто“ откри резерви на чиста руда и ги ажурираше податоците за минералните ресурси на нејзиниот проект за истражување и преработка на литиум борат во Јадар, Србија, се вели во соопштението.

Резервите на руда изнесуваат 16,6 мегатони со 1,81 процент литиум оксид и 13,4 проценти бор триоксид, наведува „Рио Тинто“ во извештајот до Австралиската берза, пренесува порталот Индикатор.ба.

Минералните ресурси се состојат од 55,2 мегатони на индицирани ресурси од 1,68 отсто литиум оксид и 17,9 проценти бор триоксид, со дополнителни 84,1 мегатони претпоставен ресурс со 1,84 проценти литиум оксид и 12,6 проценти бор триоксид , наведува „Рио Тинто“.

Минералниот ресурс на кој се наоѓа основната резерва на рудата вклучи дополнително дупчење што резултираше со ажуриран геолошки модел. Минералните ресурси се исклучени од резервите на руда, забележа компанијата.

На крајот на јули 2020 година, проектот прејде во физибилити студија, со инвестиција од речиси 200 милиони американски долари во опсег што вклучува детален инженеринг, откуп на земјиште, работна сила и подготовка за изградба, дозволи и ран развој на инфраструктурата, што се очекува да заврши до крајот на 2021 година и, ако биде одобрена, изградбата може да трае до четири години, наведува „Рио Тинто“.

Претходните студии за изводливост покажаа дека Јадар може да има потенцијал да произведува и литиум карбонатни батерии и батерии од борна киселина, обезбедувајќи производи со литиум во вредносниот синџир на електрични возила со децении, се вели во соопштението.

Јадар, откриен од геолозите на „Рио Тинто“ во 2004 година во близина на градот Лозница во западна Србија, може да произведе приближно 55.000 тони литиум карбонат батериска класа, како и 160.000 тони борна киселина и 255.000 тони натриум сулфат како нуспроизводи годишно, објави порталот.