Хрватска прогласува економски појас на Јадранот


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека хрватската Влада утре ќе донесе предлог одлука за прогласување на ексклузивна економска зона на Јадранот.

Пленковиќ на Твитер објави дека „одржал консултации со словенечкиот и италијанскиот премиер Јанез Јанша и Џузепе Конте во врска со прогласувањето на ексклузивната економска зона на Хрватска на Јадранот“.

Тој изјави дека владата утре ќе го усвои извештајот за процесот на консултации и предлог Одлуката за прогласување на ИГП, пренесува Хина.

На почетокот на месецот, пратеничката група на ХДЗ најави дека до крајот на есенската сесија Саборот ќе прогласи ексклузивна економска зона во Јадранското Море.

Министрите за надворешни работи на Хрватска и Италија, Гордан Грлиќ Радман и Луиџи Ди Мајо разговараа за прогласување на ексклузивни економски зони од двете страни на Јадранот во Загреб кон крајот на ноември, потврдувајќи ја усогласеноста на дејствување и подготвеноста за „започнување разговори за разграничување“.

Со прогласување на ексклузивна економска зона, Јадранот ќе стане дел од заедничките води на Европската Унија, а во неа ќе се спроведува заедничката политика на Европската комисија,појасни неодамна „Јутарњи лист“.

Најголемата придобивка од прогласувањето на ИГП, тврдат упатените, ќе биде тоа што рибарите од трети земји повеќе нема да можат да влегуваат во Јадранското Море и да ловат риби. За тоа, ќе им треба договор со ЕК, што е сложен и долготраен процес.