САД го освоија Златниот куп (видео)


Фудбалерите на САД, рано утрово во Лас Вегас го победија Мексико со 1:0 по продолженија во финалето на Златниот куп на КОНКАКАФ. Основните 90 минути завршија без победни и без постигнат гол па се играа продолженија. Во 117. минута Мајлс Робинсон постигна победнички гол за Американците. Ова е седма титула во Купот КОНКАКАФ за САД. …

САД го освоија Златниот куп (видео) Read More »

Политичарите и годинава не се обединија околу одбележувањето на Илинден


Сто и осумнаесет години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. …

Политичарите и годинава не се обединија околу одбележувањето на Илинден Read More »

Гори и на Родос, евакуирани жителите од неколку села


Пожар вчера изби и на грчкиот остров Родос, што и покрај сите напори на пожарникарите, огнот е вон контрола. Граѓаните на социјалните мрежи објавија дека поради пожарот немаат електрична енергија и вода, а во делови од Родос нема сигнал за мобилните мрежи. Поради пожарот се евакуирани жителите на неколку села од северозападниот дел на Островот. …

Гори и на Родос, евакуирани жителите од неколку села Read More »

Со праг или без за независните листи, донесувањето на измените на Изборниот законик во Собранието неизвесно


Сè поизвесен консензусот меѓу власта и опозицијата за намалување, односно укинување на изборниот праг за независните кандидати, а начелно е постигната согласност меѓу големите четири партии во која насока да се оди со измените на Изборниот законик, кои веќе се во собраниска процедура, а за нив би се расправало веднаш по одморите. Измените на Изборниот …

Со праг или без за независните листи, донесувањето на измените на Изборниот законик во Собранието неизвесно Read More »

Кога возрасните сточари веќе не можат, помладите најчесто ги продаваат стадата


Дваесет и една година без престан пасам овци, речиси не знам што е свадба сите овие години, на погреб на блиски луѓе не можев да отидам поради обврските околу стадото, а најболно од сè ми е што на крштевката на роденото внуче што го носи моето име не можев да присуствувам како што посакував, оти …

Кога возрасните сточари веќе не можат, помладите најчесто ги продаваат стадата Read More »

Пожарите во Турција однесоа најмалку осум животи


Бројот на загинати луѓе во пожарите во Турција се искачи на осум, а повредени се стотина луѓе. Пожарникарите од 28 јули се борат со огнената стихија која и се заканува и на летувалиштата во егејскиот регион. Продолжува евакуацијата на туристите и локалните жители од Бодрум и од Мармарис. Повеќе од 120 пожари веќе се изгаснати, …

Пожарите во Турција однесоа најмалку осум животи Read More »

Се зголемува бројот на заболени од Ковид-19, притисок во болниците засега нема


Повторно висок број на новодијагностицирани лица со Ковид-19 е регистриран во текот на вчерашниот ден. Најголем дел од новите 72 случаи се бележат во Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема. И покрај тоа што е сега прилично мирно, министерот за здравство Венко Филипче …

Се зголемува бројот на заболени од Ковид-19, притисок во болниците засега нема Read More »

Во Крушево отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


Со читањето на Манифестот, со подигнување на државното знаме, синоќа на Гумење во Крушево беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска република“.   Пред бројните посетители, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата Томе Христоски рече дека со манифестацијата го промовираме нашето историско и културно наследство. -Пред нас е уште еден Илинден, уште 10 дена слобода и живеење …

Во Крушево отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ Read More »

Жешкото лето продолжува – денеска температурата до 43 степени, УВ индексот 9


Времето денеска сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ индексот ќе биде 9, информираат од УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од …

Жешкото лето продолжува – денеска температурата до 43 степени, УВ индексот 9 Read More »

Основачите на Гугл продадоа акции од над милијарда долари од мај годинава


Основачите и сосопствениците на Гугл (Алфабет), Лари Пејџ и Сергеј Брин, продадоа акции во вредност од над 1 милијарда долари од мај оваа година. Пејџ продаде акции во вредност од 462 милиони долари, додека Брин продаде акции во вредност од 610 милиони долари. И двајцата продаваат акции според однапред утврден план за тргување со акции. …

Основачите на Гугл продадоа акции од над милијарда долари од мај годинава Read More »

Фаучи не очекува ново заклучување на САД и покрај зголемените случаи на делта сојот


Главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, д-р Ентони Фаучи, во неделата рече дека не очекува дека САД ќе се вратат на заклучување, и покрај зголемените ризици од инфекции со СОВИД-19, што ги носи варијантата делта. „Мислам дека нема да видиме заклучувања“, рече Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергии и заразни …

Фаучи не очекува ново заклучување на САД и покрај зголемените случаи на делта сојот Read More »

ОИ: Заврши групната фаза на кошаркарскиот турнир


Со натпреварот Шпанија – Словенија 87:95 попладнево заврши групната фаза од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио. Двете првопласирани од трите групи, како и двете најдобри третопласирани обезбедија место во четвртфиналето. Носители во ждрепката за четвртфиналето ќе бидат Франција, САД, Австралија и Словенија Во „шеширот“ со неносители се: Италија, Аргентина, Германија и Шпанија. Во …

ОИ: Заврши групната фаза на кошаркарскиот турнир Read More »

Пејаковиќ: Банкарскиот сектор во Црна Гора е многу ликвиден, и покрај предизвиците


Црногорскиот банкарски сектор е ликвиден со една милијарда евра ликвидни средства и коефициент на солвентност од 19, што е речиси двојно повеќе од процентот на законското барање дефинирано на десет проценти, а со тоа е подготвен да поддржи квалитетни проекти. Учеството на нефункционалните заеми во вкупниот износ е околу 5,45 проценти на ниво на системот, …

Пејаковиќ: Банкарскиот сектор во Црна Гора е многу ликвиден, и покрај предизвиците Read More »

Шахистот на Алкалоид, Филип Михов, нов државен шампион


Филип Михов ја освои шампионската титула во сениорска конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во шах кое од 24 до 31 јули се одржа во Струга. Шахистот на Алкалоид се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан …

Шахистот на Алкалоид, Филип Михов, нов државен шампион Read More »

Светски берзи: Загриженост поради ширење на делта сојот


Цените на акциите на Волстрит паднаа минатата недела, и покрај подобрите од очекуваните деловни резултати за повеќето компании, а претпазливо се тргуваше и на другите големи светски берзи поради понатамошното ширење на делта сојот на корона вирусот. На Волстрит, Дау Џонс минатата недела падна за 0,4 отсто, на 34.935 поени, додека S&P 500 се лизна …

Светски берзи: Загриженост поради ширење на делта сојот Read More »

Американските маркетинг фирми годинава ќе инвестираат 3,6 милијарди долари во т.н. инфлуенсери


Истражувачката и аналитичка куќа Инсајдер Интелиџенс (Insider Intelligence) ја објави својата анализа на пазарот за маркетинг во врска со рекламирањето на социјалните мрежи со користење на влијателни и познати луѓе, т.н. инфлуенсери. Според нивните податоци, оваа година, само во САД, маркетинг компаниите ќе инвестираат 3,69 милијарди долари преку инфлуенсери. Тоа ќе биде првпат оваа форма …

Американските маркетинг фирми годинава ќе инвестираат 3,6 милијарди долари во т.н. инфлуенсери Read More »

Во Холандија откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога во историјата


На југот на Холандија, полицијата ја откри најголемата и најпрофесионалната нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога метамфетамин, откриена досега во земјата. Според полицискиот извештај, дешифрирањето на пораките од шифриран разговор им помогнало на органите на прогонот да стигнат до криминалците. Лабораторијата за наркотици е сместена во две магацини лоцирани во близина на селото Недерверт …

Во Холандија откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога во историјата Read More »

ОИ: Атлетичарот Стојоски утре во квалификациите на 400 метри


По четиридневна пауза од појавување во олимпискиот базен на Миа Блажевска – Еминова, македонскиот спорт утре во атлетичарот Јован Стојоски ќе го има својот шести натпреварувач на Игрите во Токио. Стојоски ќе настапи во квалификациите во трката на 400 метри, кои се на програмата со почеток во 03:45 часот по македонско време. Од осумчлениот македонски олимписки тим, настап на …

ОИ: Атлетичарот Стојоски утре во квалификациите на 400 метри Read More »

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два отсто во однос на првиот квартал


Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена денеска, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. Економските активности во областа на единствената валута на еврото се зголемија за 13,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, …

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два отсто во однос на првиот квартал Read More »

Со капиталната инвестиција во јужната долина на Вардар ќе се наводнуваат нови 2.150 хектари


Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со …

Со капиталната инвестиција во јужната долина на Вардар ќе се наводнуваат нови 2.150 хектари Read More »