САД го освоија Златниот куп (видео)
Фудбалерите на САД, рано утрово во Лас Вегас го победија Мексико со 1:0 по продолженија во финалето на Златниот куп на КОНКАКАФ.
Основните 90 минути завршија без победни и без постигнат гол па се играа продолженија. Во 117. минута Мајлс Робинсон постигна победнички гол за Американците.
Ова е седма титула во Купот КОНКАКАФ за САД.
Мексико останува најтрофејна репрезентација во ова натпреварување со 11 освоени титули.