Битката против крузерите во Венеција можеби се уште не е завршена


Кога пред еден месец патнички брод вплови во Венецијанската лагуна за прв пат од почетокот на пандемијата, стотици луѓе се собраа на копно и во мали чамци во знак на протест. Неколку недели подоцна, се чинеше дека владата ги послуша и објави дека поради заштита на еколошкиот систем и венецијанското културно наследство, бродовите за крстарење …

Битката против крузерите во Венеција можеби се уште не е завршена Read More »

Русија размислува за привремени ограничувања на извозот на горива


Руската влада размислува за воведување на привремени ограничувања за извоз на гориво, со цел да се стабилизира домашниот пазар, изјави вицепремиерот Александар Новак. Можно е Министерството за енергетика да даде таков предлог во блиска иднина, рече Новак. „Ова се разгледува, а Министерството за енергетика треба да даде предлог во блиска иднина. Во принцип, го разгледуваме …

Русија размислува за привремени ограничувања на извозот на горива Read More »

НБ: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намали на 4,54 отсто


Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и во јуни годинава таа се сведе на ниво од 4,54 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84 отсто, информира Народна банка (НБ). -Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни 2021 година изнесува 4,54 отсто и бележи месечен и годишен …

НБ: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намали на 4,54 отсто Read More »

Битиќи: Убедени сме дека во Законот за автопати нема ништо што е спротивно од законските одредби


Законот за автопати ни дава рамка во која се започнуваат преговорите за да се финализира како ќе изгледа следниот договор за градење на автопатиштата. Тоа ни дава можност да ангажираме соодветни експерти што треба да ни помогнат и да ни дадат рамка и затоа не гледам зошто би требало да почекаме одреден исход кога евентуалното …

Битиќи: Убедени сме дека во Законот за автопати нема ништо што е спротивно од законските одредби Read More »

Ракометниот клуб „Алкалоид“ започна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи


Со склучувањето на првите два договора со едни од најперспективните млади ракометни надежи и репрезентативци, РК „Алкалоид“ го започна процесот на регрутација. Мартин Серафимов (21 година), кој игра на позицијата десен бек, и Игор Ѓоргиев (21 година), кој игра на позициите централен и лев бек, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот ракометен клуб, РК …

Ракометниот клуб „Алкалоид“ започна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи Read More »

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво


Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи раст од 9,5 отсто, а од 6,6 отсто во првата половина од годината споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос …

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво Read More »

Доделени последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти


Задоволен сум од соработката со ТАВ Македонија и сите општини кои аплицираа за договорите, а плод на ова трипартитно партнерство се вкупно 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон секојдневните реални потреби на граѓаните во вредност од 49,7 милиони евра што во наредниот период ќе се реализираат во 75 општини низ  целата земја, порача …

Доделени последните 35 договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти Read More »

Со 2,5 милиони евра ќе се поттикнува претприемништвото кај Ромите


Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг Фонд на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, …

Со 2,5 милиони евра ќе се поттикнува претприемништвото кај Ромите Read More »

Повик до стечајните работници да се пријават за надомест ако ги исполнуваат новите законски услови


Министерството за труд и социјална политика ги повикува стечајните работници кои ги исполнуваат условите за добивање надомест согласно со новиот Закон за стечајци, што беше изгласан вчера во Собранието, да се пријават во Агенцијата за вработување во рок од 30 дена. Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со …

Повик до стечајните работници да се пријават за надомест ако ги исполнуваат новите законски услови Read More »

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Олимпијадата во Токио


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио во сингл конкуренција. Србинот денес загуби од Германецот Александар Зверев во полуфиналниот меч со 2:1. Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:1, а потоа Зверев беше поуспешен со 6:3 и 6:1. Во финалето Зверев ќе игра против Русинот, Карен …

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Олимпијадата во Токио Read More »

Земјите од регионот на прагот на демографски пропаст


Земјите од регионот веќе немаат време во напорите да го запрат демографскиот пад. Сериозни чекори на сите нивоа мораа да бидат иницирани, бидејќи сите општествени процеси се доведени во состојба на напнатост и веќе утре може да доведат до целосен демографски колапс. Со следење на податоците за природниот прираст во Црна Гора, утврдено е дека …

Земјите од регионот на прагот на демографски пропаст Read More »

Јужноамериканците бараат да се промени работата на ВАР


Судискиот комитет на Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) побара од ФИФА да направи две значајни измени во протоколот со кој се регулираат условите за работа на видео-судиите. Првата се однесува на времето на одигрување на натпреварот. Предложено е да се запре играта кога ќе интервенираат видео асистенти, а судијата ќе го провери видеото. Честопати …

Јужноамериканците бараат да се промени работата на ВАР Read More »

Совет на Народна банка: Економијата закрепна во вториот квартал, инфлацијата во првото полугодие 2,4 отсто


Советот на Народната банка одржа редовна седница на којашто беше усвоен најновиот Квартален извештај. Како што е нагласено во Извештајот, во текот на вториот квартал дојде до видно стабилизирање на епидемиолошката состојбa и олабавување на рестриктивните мерки, со што и показателите за глобалната економска активност се поволни. Главните извори на неизвесност и ризици во глобални …

Совет на Народна банка: Економијата закрепна во вториот квартал, инфлацијата во првото полугодие 2,4 отсто Read More »

„Гугл“ ќе ги забрани апликациите за купување сексуални услуги на интернет


„Гугл“ ќе ги забрани апликациите „за компензирани сексуални односи (т.е. sugar dating)“, кои служат за продавање и купување сексуални услуги на интернет. Се работи за платформите „Sugar Daddy“, „Elite Millionaire singles”, „SeekingArrangement“, „Spoil“. Интернет-концептов е таков што, поимотни мажи (најчесто и повозрасни), бараат помлади девојки и жени заради секс за пари. Отстранувањето е дел од …

„Гугл“ ќе ги забрани апликациите за купување сексуални услуги на интернет Read More »

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира во ТИРЗ Скопје


Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. „Текнопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со …

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира во ТИРЗ Скопје Read More »

Тројца загинати во шумските пожари на југот на Турција


  Три лица загинаа во шумските пожари во близина на туристичките места на југот на Турција, а десетици села се евакуирани, јавија турските медиуми. Пожарите во шумите на Манавгат, Аланија, Адана, Мерсин, Бодрум и Мармарис, во близина на туристичките места во јужна Турција, брзо се проширија во населените места поради силните ветрови. Турскиот министер за …

Тројца загинати во шумските пожари на југот на Турција Read More »

Георгиевски од скопскиот плоштад: Ветивме медал, донесовме сребро, верувам дека следниот ќе биде златен


Македонскиот спортски херој, освојувач на сребрен медал од Олимпијадата во Токио во таеквондо +80 килограми, Дејан Георгиевски вечерва им се обрати на своите поддржувачи на скопскиот плоштад кои дојдоа да го поздрават го поздрават големиот успех. – Немам зборови со кои можам да го опишам чувството. Мојот тренер Дарко Костовски, од трибините ми даваше дополнителна …

Георгиевски од скопскиот плоштад: Ветивме медал, донесовме сребро, верувам дека следниот ќе биде златен Read More »

Свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор


Тогашните политички претставници со безрезервна поддршка и охрабрување од нашите меѓународните стратешки партнери и досега многу пати докажани пријатели, храбро, мудро и со далекувидна визија помогнаа во постигнувањето примирје со отворен и непосреден политички дијалог во убавиот Охрид, град во кој што се постави новата структура за нашата меѓуетничка кохезија со воспоставување на новите правила …

Свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор Read More »

Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци


Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен. Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот. Сите контакти на заразената двојка се …

Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци Read More »

Економијата на САД се зголеми 6,5 отсто во вториот квартал, под очекувањата на аналитичарите


Американската економија забележа раст од 6,5 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2021 година, објави денеска Министерството за трговија. Тоа е мало забрзување на растот на бруто домашниот производ на САД во однос на 6,3 проценти во првиот квартал, но стапката е значително под прогнозата на аналитичарите, кои предвидуваа во просек експанзија од …

Економијата на САД се зголеми 6,5 отсто во вториот квартал, под очекувањата на аналитичарите Read More »