Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два отсто во однос на првиот квартал


Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена денеска, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава.

Економските активности во областа на единствената валута на еврото се зголемија за 13,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, објави Еуростат.

Во почетокот на 2020 година, имаше голем пад на БДП откако земјите ги затворија своите граници како одговор на пандемијата на коронавирус. Во вториот квартал од минатата година беше забележан најостриот пад од почетокот на рекордите на Еуростат во 1995 година. Со затворањето на земјите од евроблокот, економијата потона за повеќе од 11 проценти во еврозоната и ЕУ. Сепак, оваа година економските изгледи се попозитивни.

Во Европската унија, БДП порасна за 1,9 проценти во вториот квартал оваа година, и за 13,2 проценти на годишна основа, објави Еуростат.

Во одделна проценка на Евростат, инфлацијата во еврозоната се очекува да порасне за 2,2 проценти во јули и за 1,9 проценти во јуни. Агенцијата исто така објави дека стапката на невработеност во еврозоната паднала на 7,7 проценти во јуни, наспроти осум проценти во претходниот месец. Во ЕУ, стапката падна на 7,1 процент, од 7,3 проценти во мај.