Во Софија се формира движење на политичките противници на Путин


Во Софија се одржува конститутивна конференција на граѓанското движење „За слободна Русија“, јави дописникот на МИА од Софија. Организатор на конференцијата е Генадиј Гудков, кој четирипати беше пратеник во руската Дума и беше принуден да ја напушти Русија од режимот на Кремљ. На конференцијата присуствуваат руски опозиционери, кои живеат во Полска, Чешка, Летонија, Литванија, Белорусија …

Во Софија се формира движење на политичките противници на Путин Read More »

Прво резултати од серолошката анализа за Ковид-19, па нови препораки и мерки


Се намалува пикот на четвртиот бран, епидемиолошката состојба благо се подобрува, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Министерот Сали и заменик министерот Владимир Рендевски ги посетија здравствените тимови на пунктот за серолошки скрининг во Битола, а остварија и средби со граѓаните. Како што рече Сали, серолошкиот скрининг ќе овозможи да се добие јасна слика …

Прво резултати од серолошката анализа за Ковид-19, па нови препораки и мерки Read More »

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава


Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ-со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се наведува во извештајот на кредитната Агенција, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг …

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава Read More »

Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега


Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна …

Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега Read More »

Мицкоски верува во „разумен напредок“ со Бугарија


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски верува дека може да се постигне разумен напредок во врска со спорот со Бугарија без да биде потценета ниту една од двете страни. Според него, можно е разумно решение кое ќе ги рефлектира македонските европски аспирации, но и подготвеноста на нашиот источен сосед да помогне на држава сосед, на држава …

Мицкоски верува во „разумен напредок“ со Бугарија Read More »

Голем корупциски скандал: Уапсен хрватскиот министер Хорват


Полицијата во соработка со УСКОК утрово изврши претрес во куќата на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват во Меѓумурје. Истрагите се поврзани со злоупотреба на службената должност и овластувања. Министерот Хорват денеска е уапсен, а попладне ќе биде сослушан. Според неофицијални информации, станува збор за истраги поради повеќемилионски незаконски дејствија. …

Голем корупциски скандал: Уапсен хрватскиот министер Хорват Read More »

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ договор со плата од три милиони евра годишно плус бонуси


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да го продолжи договорот со Милан. „Росонерите“ се подготвени да му понудат нов договор на напаѓачот кој во октомври ќе наполни 41 година. Сепак, Златан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Сега тој заработува седум милиони евра годишно. Според новиот договор, миланезите се подготвени да му плаќаат три …

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ договор со плата од три милиони евра годишно плус бонуси Read More »

Бурата Јунис остави 75.000 домови без електрична енергија во северо-западна Франција


Околу 75.000 домови се без електрична енергија утрово во Норд и Па-де-Кале по поминувањетона бурата Јунис, што предизвика значителна штета во регионот, јави дописникот на МИА. Бурата Јунис, чии ветрови достигнаа брзина ос 140 километри на час во Кале и 130 километри на час во Лил предизвика значителна материјална штета во Горна Франција, при што …

Бурата Јунис остави 75.000 домови без електрична енергија во северо-западна Франција Read More »

Ковачевски – Лајчак: За ЕУ, Северна Македонија е партнер од доверба


Премиерот Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција, при што на маргините на настанот оствари средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На средбата на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија …

Ковачевски – Лајчак: За ЕУ, Северна Македонија е партнер од доверба Read More »

Убиен полицаец во несреќен случај во Косово


Припадник на косовската полиција е убиен синоќа во несреќен случај во село во близина на Приштина, откако бил погоден од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу полноќ, на приватна седенка во селото Златар. Смртта на полицаецот ја констатирале …

Убиен полицаец во несреќен случај во Косово Read More »

Десетто јубијелно издание на фестивалот „Земјотрес“


Десеттото јубилејно издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ ќе се одржи вечер, со почеток од 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Како што информира МКЦ, на три музички подиуми ќе настапат македонските уметници: Авелина, Мамут, Марија Каева, Марко Рикалоски, Михајло Дојчиноски, Мирко Попов Quartet, Хајка… Дополнителни билети ќе бидат пуштени во продажба пред …

Десетто јубијелно издание на фестивалот „Земјотрес“ Read More »

Фон дер Лајен: Гаспром испорачуваше гас на Европа на најниско ниво


Во текот на изминатите шест месеци, рускиот Гаспром и испорачуваше гас на Европа на најниско ниво кое можеше според своите договори, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Она што се случи во последните шест месеци е дека Газпром секогаш испорачуваше на најниско ниво, истакна Фон дер Лајен на Минхенската безбедносна …

Фон дер Лајен: Гаспром испорачуваше гас на Европа на најниско ниво Read More »

МНР: Работна група ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година


Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со последните изјави на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика за именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, …

МНР: Работна група ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година Read More »

Од утре променливо облачно со повремен дожд


Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика …

Од утре променливо облачно со повремен дожд Read More »

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки


Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година, па така, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање …

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки Read More »

Бочварски: Законот за дивоградби заглавен во собраниска процедура


Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако Парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на браната на реката Отиња, Бочварски истакна дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се …

Бочварски: Законот за дивоградби заглавен во собраниска процедура Read More »

Кинески воен брод насочил ласер кон австралиски воен авион


Брод на кинеската воена морнарица насочил ласер кон австралиски воен авион кој летал над северните приоди на Австралија, потенцијално загрозувајќи човечки животи, соопшти денеска австралиското Министерство за одбрана. Авионот П-8A Посејдон откри ласер кој бил емитуван од бродот на морнарицата на Народноослободителната војска на Кина, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Австралија …

Кинески воен брод насочил ласер кон австралиски воен авион Read More »

„Грин Машинс“ на „Брако“ го освојува и пазарот во Египет


GM 955 и GM 414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини“, велат одговорните. Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. …

„Грин Машинс“ на „Брако“ го освојува и пазарот во Египет Read More »

Непречено се одвива изградбата на браната Отиња


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип. Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри. Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено. …

Непречено се одвива изградбата на браната Отиња Read More »

Продолжува потрагата по исчезнатите по пожарот на траектот во близина на Крф


Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со …

Продолжува потрагата по исчезнатите по пожарот на траектот во близина на Крф Read More »