Десетто јубијелно издание на фестивалот „Земјотрес“


Десеттото јубилејно издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ ќе се одржи вечер, со почеток од 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Како што информира МКЦ, на три музички подиуми ќе настапат македонските уметници: Авелина, Мамут, Марија Каева, Марко Рикалоски, Михајло Дојчиноски, Мирко Попов Quartet, Хајка…
Дополнителни билети ќе бидат пуштени во продажба пред почеток на фестивалот, достапни само на билетарница во МКЦ.
Фестивалот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани во затворен простор.