Бурата Јунис остави 75.000 домови без електрична енергија во северо-западна Франција


Околу 75.000 домови се без електрична енергија утрово во Норд и Па-де-Кале по поминувањетона бурата Јунис, што предизвика значителна штета во регионот, јави дописникот на МИА.

Бурата Јунис, чии ветрови достигнаа брзина ос 140 километри на час во Кале и 130 километри на час во Лил предизвика значителна материјална штета во Горна Франција, при што шест лица е потешкко повредени, а дваесетина полесно.

Се работи на повторно воспоставување на мрежата за електрична енергија.
Бурата Јунис денеска се дижи кон северозападна Европа и се очекува да го погоди германскиот брег.

Јунис формирана над Ирска вчера помина над Обединетото Кралство, северна Франција, Бенелукс, пред да ја продолжи својата рута кон Данска и Германија.