Путин подолжува со закани: Зона на забранети летови над Украина би имало „колосални и катастрофални последици“ за целиот свет


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот. – Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја, рече рускиот лидер за …

Путин подолжува со закани: Зона на забранети летови над Украина би имало „колосални и катастрофални последици“ за целиот свет Read More »

Путин го потпиша законот со кој ќе се гонат авторите на „лажни вести“ за руската армија


Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми. Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска …

Путин го потпиша законот со кој ќе се гонат авторите на „лажни вести“ за руската армија Read More »

Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС


Сајтот на руската новинска агенција ТАСС беше подложен на силен хакерски напад. Главната лента за вести е недостапна за корисниците на агенцијата. Исто така, дописниците на ТАСС во странство не можат да ги испраќаат своите информации. Тоа не е прв напад врз ТАСС во изминатите денови, но експертите велат дека е најсериозен од почетокот на …

Голем хакерски напад врз руската новинска агенција ТАСС Read More »

Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа


Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа, кога избувна пожар за време на рускиот напад врз нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд. Таа побара гаранција од Москва дека таков напад нема да се повтори. Обраќајќи се на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, Томас-Гринфилд истакна дека нападот …

Томас-Гринфилд: Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа Read More »

Би Би Си ги повлекува своите новинари од Русија


Британскиот јавен сервис Би Би Си денеска објави дека ги повлекува сите свои новинари од Русија за да ја гарантира нивната „безбедност“ по усвојувањето на законот кој предвидува затворски казни во случај на ширење „лажни информации за армијата“ и блокирање на неговата веб-страница на руски јази во рамки на руската инвазија врз Украина. Оценувајќи дека …

Би Би Си ги повлекува своите новинари од Русија Read More »

Инспекторите во акција заради манипулациите со дериватите и прехранбените производи


Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата …

Инспекторите во акција заради манипулациите со дериватите и прехранбените производи Read More »

Има горива за непречено снабдување, кај граѓаните не треба да има паника, вели Ковачевски


Кај граѓаните не треба да има паника во однос на непречено снабдување со горива. Нашата држава има горива за непречено снабдување на бензиските пумпи, ние се снабдуваме со гориво преку Република Грција и таков проблем не постои, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со претставници на здруженијата на пензионерите. Премиерот …

Има горива за непречено снабдување, кај граѓаните не треба да има паника, вели Ковачевски Read More »

Пензиите ќе растат по „швајцарска формула“, пензионерите ќе добијат и помош по 1.000 денари за три месеци


Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1.000 денари за април, мај и јуни. -Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија …

Пензиите ќе растат по „швајцарска формула“, пензионерите ќе добијат и помош по 1.000 денари за три месеци Read More »

Русија ја прекина продажбата на ракетни мотори на САД, шефот на Роскосмос порача: „Нека летаат на метли“


Русија престана да продава ракетни мотори на САД како одговор на санкциите, изјави во четвртокот директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитриј Рогозин, пренесе Ројтерс. „Во ваква ситуација, не можеме да ги снабдуваме САД со нашите најдобри ракетни мотори во светот. Нека летаат на нешто друго, со нивните метли, не знам што“, рече Рогозин на …

Русија ја прекина продажбата на ракетни мотори на САД, шефот на Роскосмос порача: „Нека летаат на метли“ Read More »

Полесниот пристап кон електрична енергија дел од соработката со Бугарија


Актуелните настани, енергетската криза и нивното влијание врз економиите на Северна Македонија и Бугарија, како и можностите за меѓусебната соработка беа теми на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов. Како што информира Министерството за финансии, Бесими на средбата истакнал дека земјава одблиску ги следи промените што се …

Полесниот пристап кон електрична енергија дел од соработката со Бугарија Read More »

Со пораки за мир отворени Зимските параолимписки игри во Пекинг


Кинескиот претседател Си Џипинг попладнево по средноевропско време ги прогласи за отворени 13. Зимски параолимписки игри (ЗПОИ) на пригодна свеченост на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг. На ЗПОИ во кинескиот главен град ќе настапат вкупно 546 параолимпијци од 46 држави, а во колективната меморија ќе остане суспензијата на руските и белоруските спортисти, поради агресијата на …

Со пораки за мир отворени Зимските параолимписки игри во Пекинг Read More »

Месо има доволно и нема да поскапи, договорени две нови мерки за поддршка на свињарството


Месо има во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија производителите по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството. Дополнителна поддршка од 1.500 денари за гоеници над 90 килограми предадени во преработувачки …

Месо има доволно и нема да поскапи, договорени две нови мерки за поддршка на свињарството Read More »

Со изложба на маски во Прилеп почнаа карневалските свечености


Со изложба на околу 300 маски, изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта, а претставени во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ почнаа карневалските свечености во Прилеп. Главното карневалско дефиле на маските е в недела на Прочка кога се очекуваат околу 500 учесници од Прилеп и другите градови. Како што објаснува Снежана Ристеска, …

Со изложба на маски во Прилеп почнаа карневалските свечености Read More »

Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој


Рудникот САСА продолжува со реализацијата на новата капитална инвестициска програма во вредност од над 20 милиони долари. Со тековниот прогрес во нејзината реализација имаше прилика да се запознае и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, при неговата прва посета на САСА која беше договорена на состанокот со претставниците на менаџерскиот тим на рудникот што се …

Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој Read More »

Бочварски и Гарсија разговараа за обновување на авиолинијата Скопје – Барселона


Прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, било отворено на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со амбасадорот на Шпанија во државава Хозе Луиз Лозано Гарсија. Бочварски го запознал Гарсија со инфраструктурните проекти во земјава, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата, и ги повикал шпанските …

Бочварски и Гарсија разговараа за обновување на авиолинијата Скопје – Барселона Read More »

Вардар 1961 во осминафиналето на ЛШ по службената победа над Мешков Брест


Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 официјално обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска му додели службена победа за неодиграниот натпревар против белоруски Мешков Брест. Извршниот комитет на ЕХФ, како што официјално е соопштено, одлучи двата неодиграни натпревари на Мешков Брест против Вардар и Кил да ги регистрира …

Вардар 1961 во осминафиналето на ЛШ по службената победа над Мешков Брест Read More »

„Стандард и Пурс“ повторно го намали кредитниот рејтинг на Русија


„Стандард и Пурс Глобал“ (S&P Global) го намали кредитниот рејтинг на Русија уште подлабоко во неинвестициската категорија поради прекинот на плаќање на каматите на обврзниците и новите меѓународни санкции после руската инвазија врз Украина. Пред помалку од една недела, S&P го намали рејтингот на Русија на „ББ +“, спуштајќи го на неинвестициската категорија. Во четвртокот …

„Стандард и Пурс“ повторно го намали кредитниот рејтинг на Русија Read More »

Во јануари намален бројот на работниците во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 97,6. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање од 2,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија …

Во јануари намален бројот на работниците во индустријата Read More »

Во Дебар се продавала акцизна стока без дозвола и прехранбени производи со изминат рок


Дебар, 4 март 2022 (МИА) – Надлежни служби при контрола на трговски објекти во Дебар откриле продажба на акцизна стока без соодветна дозвола, но и со изминат рок за употреба. -Во текот на вчерашниот ден во Дебар, полициски службеници, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и царински службеници, извршија контрола во трговски објекти, со цел пронаоѓање …

Во Дебар се продавала акцизна стока без дозвола и прехранбени производи со изминат рок Read More »

Индустријата „во лер“ – производството во јануари со раст само од 0,7 отсто во однос на лани


 Индустриското производство во јануари  годинава во однос на јануари лани е со раст од 0,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство бележи пораст од 36,6 отсто во Рударство и вадење на камен, а од 14,3 отсто во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,  додека во секторот Преработувачка …

Индустријата „во лер“ – производството во јануари со раст само од 0,7 отсто во однос на лани Read More »