Во јануари намален бројот на работниците во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 97,6.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање од 2,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 отсто, Капитални производи за 1,9 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто.