Во четвртиот квартал лани стапката на невработеност 15,2 отсто


Во четвртото тримесечие од 2021 година вкупниот број на активно население во земјава изнесува 937.482 лица, од кои 795.276 се вработени, а 142.206 се невработени лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 55,7 отсто, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,2 отсто.

Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски утврди предлог до Управниот Одбор за избор на нови потпретседатели на Сојузот, Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро-бизнис комора, Орце Симов, претседател на ИКТ Комора и Тања Дејаноска претседател на Комора за приватно здравство. Измените во раководните структури се дел од поширок процес на реформски активности …

Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели Read More »

АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба. Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со …

АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума Read More »

Над 300 средношколци ги унапредија своите знаења и вештини со употреба на технологијата за виртуелна реалност


Центарот за социјални иновации Блинк 42/21, со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ), реализираше пилот проект за воспоставување лабораторија за стекнување вештини со помош на напредна дигитална технологија за виртуелна реалност (ВР технологија), во кој учествуваа близу 300 ученици и 15 професори од пет средни електротехнички училишта: „Михајло Пупин“ од Скопје, „Наце Буѓони“ од …

Над 300 средношколци ги унапредија своите знаења и вештини со употреба на технологијата за виртуелна реалност Read More »

Вајда за причините за разделбата со Ѓоковиќ: Крајот беше минатата година


Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Словакот Марјан Вајда повеќе не е дел од тимот на тенискиот ас. Вајда го тренираше Ѓоковиќ цели 15 години. Почнаа да работат заедно во 2006 година, но тој не замина во Австралија со српскиот тенисер на почетокот на годинава. Иако се претпоставуваше по објавата на Ѓоковиќ дека нивната соработка е прекината …

Вајда за причините за разделбата со Ѓоковиќ: Крајот беше минатата година Read More »

(Видео) Вака изгледа најголемиот авион на светот целосно уништен


Антонов Ан-225 , најголемиот во светот, беше уништен пред неколку дена во напад на аеродромот Хостомел во близина на Киев. Сега се објавени снимки на кои се гледа дека од авионот не останало речиси ништо. Видеото од аеродромот Хостомел го објави руската државна телевизија. Новинарот рече дека аеродромот е под контрола на руските воздухопловни сили …

(Видео) Вака изгледа најголемиот авион на светот целосно уништен Read More »

Орбан: Санкциите против Русија имаат цена


Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио. – Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок, рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата …

Орбан: Санкциите против Русија имаат цена Read More »

Европските берзи втор ден по ред во пад


Акциите на европските берзи од утринава бележат пад, втор ден по ред, додека траат руските напади врз градовите низ Украина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,8 отсто денеска во 9:30 часот, откако вчера падна за околу 2 отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,57 отсто на 7.197 поени, …

Европските берзи втор ден по ред во пад Read More »

Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување


Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа …

Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување Read More »

Редици за бензин и во Србија, и таму обвинуваат за лажен недостиг


Колони автомобили пред повеќе бензинскки пумпи во Србија се формирале доцна попладнето во четвртокот поради паниката предизвикана од веста дека некои нафтени компании се обиделе да направат лажен недостиг со ограничување на продажбата на одредени видови гориво, пишува белградски „Блиц“. „Колоните почнаа нагло да се формираат. Претпоставуваме дека е поради паника“, изјавил еден од работниците …

Редици за бензин и во Србија, и таму обвинуваат за лажен недостиг Read More »

„Црвен телефон“ меѓу Пентагон и руското Министерство за одбрана


Пентагон соопшти дека е воспоставена директна линија на комуникација со руското Министерство за одбрана, со цел да се спречат разни конфликти и инциденти, објавија западните медиуми, повикувајќи се на висок воен претставник на САД. – Министерството за одбрана создаде линија за управување со конфликти со Министерството за одбрана на Русија за да се спречат погрешни …

„Црвен телефон“ меѓу Пентагон и руското Министерство за одбрана Read More »

САД и Британија воведуваат санкции против руски олигарси, меѓу нив и еден од најбогатите Руси


Белата куќа најави нови санкции против руските олигарси, а како што пишува Си Ен Ен, тоа е нов обид на американскиот претседател Џо Бајден да го спречи рускиот колега Владимир Путин и неговата инвазија врз Украина. На новиот список на санкционирани се наоѓаат пријатели на Путин и членови на нивните семејства, кои ќе бидат отстранети …

САД и Британија воведуваат санкции против руски олигарси, меѓу нив и еден од најбогатите Руси Read More »

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција


Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина. Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до …

Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција Read More »

Се гаси „Северен тек 2“ во Германија


Германската единица на гасоводот „Северен тек 2“, предводена од „Гаспром“, во четвртокот објави дека најверојатно ќе биде затворена откако германската влада ја прекина сертификацијата на проектот минатата недела како одговор на руската инвазија на Украина, пренесува Ројтерс. „Поради актуелните настани, вклучително и со нашиот акционер Nord Stream 2 AG, Gas for Europe GmbH најверојатно ќе …

Се гаси „Северен тек 2“ во Германија Read More »

Бочварски очекува „Бехтел – ЕНКА“ да започне со работа годинава


Изградбата и комплетирањето на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се наоѓаат во плановите на оваа Влада и на тоа се работи посветено, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговорајќи на новинарско прашање по неговата посета на Гостивар. Тој очекува годинава американско-турска компанија „Bechtel – ЕNKA“ да започне со работа на делниците на …

Бочварски очекува „Бехтел – ЕНКА“ да започне со работа годинава Read More »

Русија остана без трки во Формула 1


Формула 1 веќе нема да организира трки на руска територија, откако раководството на натпреварувањето денеска официјално објави дека е раскинат договорот со организаторот на Големата награда (ГН) на Русија. Одржувањето на годинaшното издание на трката, планирано за септември во Сочи, веќе беше откажано минатата недела, по почетокот на руската инвазија на Украина. – Формула 1 …

Русија остана без трки во Формула 1 Read More »

„Гласен Текстилец“: Покренато обвиние за предизвикување на намерен стечај на штипска конфекција


Штипското јавно обвинителство покренува обвинение против управител на една штипска текстилна конфекција за намерно лажно предизвикување на стечај. Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева на денешната прес-конференција истакна дека известувањето на Основното јавно обвинителство(ОЈО)-Штип го добиле денеска. Ова известување доаѓа по вчерашната кривична пресуда во корист на работничка од Делчево, за којшто МИА веќе информираше. …

„Гласен Текстилец“: Покренато обвиние за предизвикување на намерен стечај на штипска конфекција Read More »

Ова се глобалните компании кои се повлекоа од рускиот пазар


  Поради влошената безбедносна и хуманитарна криза во Украина и строгите санкции наметнати на Русија, многу големи компании ги прекинаа своите руски активности. Меѓу нив се американскиот технолошки гигант „Епл“, производителите на автомобили ГМ и „Форд“, бродскиот гигант „Маерск“и други. Санкциите од САД, Велика Британија, Канада и Европската унија се одразија на руската економија бидејќи …

Ова се глобалните компании кои се повлекоа од рускиот пазар Read More »

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот


Првичната проценка е дека не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа какво влијание ќе има ситуацијата во Украина, со оглед на тоа дека Грција ја посетуваат голем …

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот Read More »

Нов македонски рекорд во скок во далечина


Викендов на отвореното првенство во Скиве, Данска, македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК „Работнички“ го постави во Малме, Шведска пред две недели. Покрај во скок во …

Нов македонски рекорд во скок во далечина Read More »