„Рио Тинто“ подготвува тужба против Србија


Глобалниот рударски гигант „Рио Тинто“ минатата година оствари рекорден профит поради зголемените цени на суровините. Во својот годишен извештај, компанијата рече дека ги „истражува сите опции“ и „ја разгледува правната основа“ на одлуката на српската влада да го суспендира својот проект за литиум и борати во областа Јадар. Изјавата предизвика загриженост дека компанијата би можела …

„Рио Тинто“ подготвува тужба против Србија Read More »

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви. Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат …

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви Read More »

Санкциите би можеле да го нарушат снабдувањето со лекови во Русија


Западните производители на лекови и медицински помагала планираат да продолжат да извезуваат во Русија, но нивните планови би можеле да се искомплицираат со економските санкции по рускиот напад врз Украина, кои ги отежнуваат плаќањата. Санкциите што САД, Велика Британија, ЕУ и Канада ги воведоа против Русија не вклучуваат лекови и медицинска опрема, но проблем би …

Санкциите би можеле да го нарушат снабдувањето со лекови во Русија Read More »

Француската економија ќе биде погодена од војната во Украина


Франција, неизбежно ќе биде погодена како и другите европски земји од украинската криза, вели Жан-Филип Андре, претседател на Анија, главната организација за земјоделска храна, пренесува дописникот на МИА. Војната во Украина, која предизвикува зголемување на цената на земјоделските суровини, „неизбежно“ ќе ја зголеми цената на прехранбените производи, увери во средата Жан-Филип Андре, претседател на Анија, …

Француската економија ќе биде погодена од војната во Украина Read More »

Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини“ во Германија


Вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ добија уште една важна потврда на својот исклучителен квалитет на еден од најпрестижните и најголеми вински натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освојувајќи четири златни медали и едно специјално признание. На пролетното издание на овој врвен меѓународен вински натпревар златни медали освоија Sauvignon Blanc Barovo 2021, Barovo red 2019, Domaine …

Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини“ во Германија Read More »

Дарко Каевски – нов портпарол на СДСМ


Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на партијата, откако претходниот, Костадин Костадинов, беше избран за градоначалник на Струмица. – Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии. Пратеник е во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание …

Дарко Каевски – нов портпарол на СДСМ Read More »

Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот


Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во …

Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот Read More »

БДП со раст од 2,3 отсто во четвртиот квартал лани, за цела 2021 година изнесува 4 отсто


Бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 проценти, а како што информира Државниот завод за статистика,  во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто. Според податоците на …

БДП со раст од 2,3 отсто во четвртиот квартал лани, за цела 2021 година изнесува 4 отсто Read More »

Муратовска: Најголема штета ќе имаат превозниците од малите држави


Војната во Украина ќе предизвика прераспоредување на европскиот транспортен пазар, а најголема штета, според оценките на транспортната асоцијација МАКАМТРАНС, ќе претрпат превозниците од малите држави. Билјана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС вели дека воената состојба на територија на Украина ги застана македонските превозници кои во последниот период од десетини дена, не се осмелуваат да прифатат …

Муратовска: Најголема штета ќе имаат превозниците од малите држави Read More »

Украински „Енергоатом“ за шест дена генерирал загуби од 54 милиони евра


За шест дена од почетокот на воените дејствија украинската Национална компанија за нуклеарно производство на електрична енергија „Енергоатом“ има генерирано загуби од околу 18 милијарди гривни или околу 54 милиони евра. Претседателот на украински „Енергоатом“, Петро Котин, изјави дека во оружените дејствија во Украина се кршат конвенциите за нуклеарна безбедност и договорите на ниво на …

Украински „Енергоатом“ за шест дена генерирал загуби од 54 милиони евра Read More »

,,Пари”: Топ 10 компании со руски капитал во Македонија – годишно прават приход од над 200 милиони евра


Во Македонија има околу 70 компании во кои има руски капитал, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Најпознати, секако се Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, Друштвото за трговија со нафти и нафтени деривати „Лукоил“ и Друштвото за производство и трговија „Бучим“ кое во своја сопственост го има рудникот за бакар. Но, покрај …

,,Пари”: Топ 10 компании со руски капитал во Македонија – годишно прават приход од над 200 милиони евра Read More »

На 5 ноември ги добивме информациите дека Русија се подготвува за инвазија на Украина


Сега се покажува колку беше битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, не само во Донбас, ние што сме овластени да ги примаме тие информации преку НАТО механизмите, ги добивме на 5 ноември минатата година, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој нагласи дека …

На 5 ноември ги добивме информациите дека Русија се подготвува за инвазија на Украина Read More »

Декларацијата за Гоце Делчев е непотребно политизирање, смета претседателот Пендаровски


Предлозите 4+1 во преговорите со Бугарија не се ризични, смета претседателот на државата Стево Пендаровски. Според него, со доаѓањето на Петков и новата динамика во дијалогот мѓу двете страни не се става предоминантен фокус на историските прашања. -Говорот на омраза, положбата на малцинствата без мешање во внатрешните работи на двете држави,  заедничкото чествување на историски …

Декларацијата за Гоце Делчев е непотребно политизирање, смета претседателот Пендаровски Read More »

ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва


Европската унија ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Русија, со цел да ја направи агресијата на Москва врз Украина колку е можно поскапа, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ истакна дека санкциите против Русија се многу ефикасни и дека тие …

ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва Read More »

Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка


Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економската криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас …

Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка Read More »

Морничава снимка: Волонтер зборува за нападите на Украина, проектил ја погоди зградата над него


Во средата попладне, додека еден од волонтерите снимаше видео за нападите на Украина, проектил влетал во зградата пред која што се наоѓал. Според видеото објавено на Твитер профилот NEXTA, се чини дека тој не претрпел сериозни повреди, но зградата е прилично оштетена. ❗️❗️A rocket hit a residential building while a volunteer was recording a video …

Морничава снимка: Волонтер зборува за нападите на Украина, проектил ја погоди зградата над него Read More »

Колапс на акциите на Сбербанка на светските берзи, во Лондон се продаваат за едно пени


Акциите на Сбербанк денеска паднаа на берзата во Лондон за 95 отсто и се тргуваа и по минимална цена од само едно пени, откако овој руски заемодавач објави дека се повлекува од европскиот пазар. Најголемиот руски заемодавач соопшти дека нејзините европски подружници забележале „ненормален одлив на готовина“ по воведувањето на западните санкции против Русија поради …

Колапс на акциите на Сбербанка на светските берзи, во Лондон се продаваат за едно пени Read More »

Од сабота во Грција се укинува задолжителната маска на отворено


Грчката Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине …

Од сабота во Грција се укинува задолжителната маска на отворено Read More »

„Гласен Текстилец“: Прва кривична пресуда добиена во текстилната индустрија, победа за работниците


Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против нејзината сопственичка која треба да и исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924 денари. Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса …

„Гласен Текстилец“: Прва кривична пресуда добиена во текстилната индустрија, победа за работниците Read More »

И компаниите во економските зони кај нас ќе бидат погодени од руско – украинската криза


Компаниите кои што работат во технолошко – индустриските економски зони, особено оние од автомобилската индустрија, веќе ги чувствуваат последиците на руско – украинската криза, а стравуваљата се дека ескалацијата на конфликтот може да им нанесе уште поголеми штети. Последиците, сепак, се повеќе индиректни, отколку директни – според сознанијата на надлежните, економска соработка меѓу компаниите од …

И компаниите во економските зони кај нас ќе бидат погодени од руско – украинската криза Read More »