АСО: Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна за 30 отсто


Единаесет осигурителни компании за неживотно осигурување исплатија 978 милиони денари или 15,9 милиони евра за настанати штети на свои осигуреници во првите три месеци годинава. Во првите 90 дена од годинава осигурителните компании исплатиле речиси 23.000 штети на осигуреници и тоа е 30 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за …

АСО: Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна за 30 отсто Read More »

Светското богатство со рекорден раст во 2021 година и покрај пандемијата


Вкупното светско богатство порасна за 10,3 отсто во 2021 година на 473 трилиони долари, главно благодарение на „цветањето“ на берзата, според студија објавена денеска од Бостон Консалтинг Груп (БКГ). Станува збор за најголем раст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, што БКГ ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони …

Светското богатство со рекорден раст во 2021 година и покрај пандемијата Read More »

Втора јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач


На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи втората јавна трибина на која ќе биде презентиран новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Трибината ја организира Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ. Станува збор за здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката. Првата јавна трибина на која …

Втора јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач Read More »

(Видео) Последниот танц на Кирил Лазаров за Нант – Merci King Kiril


Македонскиот ракометар Кирил Лазаров вчеравечер го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант. Вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, по што беше организирана прославата. Нант уште во претходното коло го обезбеди второто место па победата над Тулуз 32:18 нема големо значење. 👑 …

(Видео) Последниот танц на Кирил Лазаров за Нант – Merci King Kiril Read More »

ОН: Руската инвазија врз Украина погодува 1,6 милијарди луѓе


Негативните ефекти од руската инвазија на Украина ширум светот се влошуваат, погодувајќи 1,6 милијарди луѓе. Тоа денеска го изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, презентирајќи го вториот извештај на ОН за последиците и одговорот на руската инвазија врз Украина. „Влијанието на војната врз безбедноста на храната, енергијата и финансиите е систематско и сериозно и …

ОН: Руската инвазија врз Украина погодува 1,6 милијарди луѓе Read More »

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба. …

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција Read More »

РФМ и ЕХФ му заблагодарија на големиот Кирил Лазаров


РФМ и ЕХФ денеска во одвоени пригодни честитики му се заблагодарија на легендарниот Кирил Лазаров за неговиот придонес во македонскиот и европскиот ракомет, ден по објавата дека става крај на кариерата како играч. – Ти благодариме за севкупниот голем придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објави Ракометната федерација на …

РФМ и ЕХФ му заблагодарија на големиот Кирил Лазаров Read More »

ОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот раст за 2022 година на три отсто


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ја намали прогнозата за светскиот раст на три отсто оваа година, наспроти 4,5 отсто колку што прогнозираше во декември, што, како што наведе, е последица на војната во Украина. Посебно ќе бидат погодени земјите од еврозоната, кои годинава ќе забележат раст на БДП од 2,6 отсто, наспроти …

ОЕЦД ја намали прогнозата за светскиот раст за 2022 година на три отсто Read More »

Јавен состанок на Агенцијата за пошти: Поштенскиот сообраќај лани бил помал за 6,6 отсто


Состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, тековните активности, како и плановите и програмите за делување во идниот период, беа во фокусот на јавниот состанок на Агенцијата за пошти на кој денеска беше претставен и Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2021 година како и Информација за Јавна расправа за …

Јавен состанок на Агенцијата за пошти: Поштенскиот сообраќај лани бил помал за 6,6 отсто Read More »

Инфлацијата во Унгарија достигна 10,7 отсто, најмногу во последните две децении


Инфлацијата во Унгарија денеска достигна 10,7 отсто, што е прва двоцифрена бројка во последните 20 години, и покрај серијата ценовни ограничувања, воспоставени од премиерот Виктор Орбан. Годишната инфлација во мај, од 9,5 отсто во април, беше најбрзиот раст од 2001 година, при што повеќето артикли во потрошувачката кошница, како што се храната и производите за …

Инфлацијата во Унгарија достигна 10,7 отсто, најмногу во последните две децении Read More »

Истрага за сомнителни трансплантации на бубрези во Клиничкиот болнички центар Загреб


Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година. Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и Косово, и …

Истрага за сомнителни трансплантации на бубрези во Клиничкиот болнички центар Загреб Read More »

(Фото) Започнува продажбата на станбен и деловен простор во комплексот „Гранд Скопје“


Денеска за првпат официјално беше отворен продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“, со што се означи и почетокот на продажбата на станбен и деловен простор во објектот „Гранд Ривер“, кој е прв од трите кои се предвидени да се градат на оваа локација. Продажниот салон, или т.н. “Showroom” се наоѓа во Градскиот трговски центар на …

(Фото) Започнува продажбата на станбен и деловен простор во комплексот „Гранд Скопје“ Read More »

Зимата ќе биде тешка, но како да се помине летото


Нѐ очекува тешка и неизвесна зима – е една од најчесто повторуваните реченици што може да се слушне изминатиот период од страна на политичарите, кои предупредуваат на економската криза која најмногу се гледа преку постојаниот раст на цените на храната и на енергенсите. Зимата, бездруго, ќе биде тешка и неизвесна, но прашањето е како да …

Зимата ќе биде тешка, но како да се помине летото Read More »

Петровска и Купер: Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот


Постои итност за придвижување на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот, оценија заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер и министерката за одбрана Славјанка Петровска во зедничкото интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на Вашингтон. – Мислиме …

Петровска и Купер: Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот Read More »

НАСА ќе лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години


Американската вселенска агенција НАСА е подготвена да лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години, објави во средата австралискиот премиер Ентони Албанезе. Ова ќе биде прво комерцијално лансирање вон САД во историјата на НАСА и прво лансирање ракета на НАСА од Австралија по 1995 година. Три ракети со суборбитален дострел ќе полетаат од Вселенскиот центар …

НАСА ќе лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години Read More »

Светска банка одобри дополнителни 1,49 милијарди долари за Украина


Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина. Тоа, како помош за исплата на плати на државни службеници и социјални работници. Со оваа сума, вкупната финансиска помош од Светска банка за Киев, надминува четири милијарди долари. На 8 март, Светската банка одобри помош од три милијарди, со …

Светска банка одобри дополнителни 1,49 милијарди долари за Украина Read More »

Најмалку 13 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран


Најмалку 13 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, соопшти денеска државната телевизија Ириб. ДПА го пренесува портпаролот на националниот желенички оператотор кој соопшти дека 50-тина други патници се повредени во несреќата што се случи во близина на градот Табас. Тој кажа дека возот сообраќал меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и …

Најмалку 13 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран Read More »

Промоција на книгата за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ


Во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ. – Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа …

Промоција на книгата за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ Read More »

Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола


Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Првата детска претстава …

Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола Read More »

Повеќе од 1.000 заробеници од Азовстал се префрлени во Русија


Повеќе од 1.000 украински војници, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјави денеска за Тасс извор од полицијата. -Над 1.000 луѓе од Азовстал се префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат во следниот период во Русија да испратат и други затвореници, рече изворот на Тасс. Според него, …

Повеќе од 1.000 заробеници од Азовстал се префрлени во Русија Read More »