Најмалку 13 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран


Најмалку 13 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, соопшти денеска државната телевизија Ириб.

ДПА го пренесува портпаролот на националниот желенички оператотор кој соопшти дека 50-тина други патници се повредени во несреќата што се случи во близина на градот Табас.

Тој кажа дека возот сообраќал меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и дека се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем.

Засега остануваат нејасни причините за излетувањето на возот од шините.