Тежок пораз на македонската репрезентација од Грузија во Лигата на нации


Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз од Грузија во 3. коло Ц-сегмент од Лигата на нации. Вечерва на „Тодор Проески“ во Скопје пред околу 10 илјади гледачи Грузијците победија со убедливи 3:0. Стрелци на головите за гостинската селекција беа Буду Цицивадзе во 52. Квича Кваратскелија во 62. и Отар Китеишвили во 84. минута. Грузија како …

Тежок пораз на македонската репрезентација од Грузија во Лигата на нации Read More »

Бектеши: Дополнителни трошоци кои влијаат врз цената, треба да бидат укинати


Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека се подготвуваат нови мерки за ублажување на ценовниот шок. На гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма, Бектеши рече дека се размислува за мерка со која на производителите на основни прехранбени производи или на увозниците на овие производи ќе им се намалат одредени трошоци. – Како Министерство …

Бектеши: Дополнителни трошоци кои влијаат врз цената, треба да бидат укинати Read More »

Османи очекува утре да се види со Генчовска


Неприфатливо е прашањата кои што се однесуваат на Историската комисија да влезат во преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, најавувајќи дека очекува утре да се види со неговата на бугарска колешка Теодора Генчовска, Османи во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија оцени дека разговорите кои ги …

Османи очекува утре да се види со Генчовска Read More »

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари


Вредноста на увозот на храна годинава ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари поради цените што и покрај почакувањата се уште не ги надоместуваат трошоците на земјоделците, предупреди денеска Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Споредбено со минатата година вредноста на увозот ќе се зголеми за 2,9 отсто или 51 милијарда долари, а дури …

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари Read More »

Уништени се снимките од видео-надзорот на „Стад де Франс“ за инцидентите пред финалето на ЛШ


Префектот на париската полиција Дидие Лалемент и претставници на Француската фудбалска федерација (ФФФ) се појавија денес на сослушување пред комисија на Францускиот сенат за катастрофалната организација на настанот, при што е откриено дека снимките од видео надзорот се уништени, јави дописникот на МИА од Париз. Видеата од надзорните уреди околу „Стад де Франс“ за време …

Уништени се снимките од видео-надзорот на „Стад де Франс“ за инцидентите пред финалето на ЛШ Read More »

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство


Делегација на Охридската Архиепископија, предводена од архиепископот г. Стефан попладнево пристигна во Истанбул, каде во древниот и свет Патријаршиски и ставропигијален манастир „Балаклија” присуствуваше на вечерната богослужба по повод именденот на неговата сесветост, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј. На крајот на богослужбата вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и синодален акт …

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство Read More »

Колку блок тарифи за струја е најдобро да има – што е најповолно за граѓаните


Сѐ уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање …

Колку блок тарифи за струја е најдобро да има – што е најповолно за граѓаните Read More »

Шеф на голема компанија најавува огромни цени на горивата: „Ситуацијата е критична“


Џереми Веир, шеф на мултинационалната компанија „Трафигура“, еден од водечките светски трговци на суровини, е најновиот глобален бизнис лидер кој најави црно сценарио во втората половина од годината. Аналитичарите најавуваат и можен недостиг на гас, а се зборува и за недостиг на гориво. Како закана за економијата во втората половина од годината е и рецесијата. …

Шеф на голема компанија најавува огромни цени на горивата: „Ситуацијата е критична“ Read More »

ЕЦБ го прекинува откупот на обврзници и најавува серија зголемувања на каматните стапки по 11 години


Европската централна банка потврди во четвртокот дека ќе ја прекине долгорочната шема за купување обврзници на 1-ви јули и навести серија зголемувања на каматните стапки од јули, бидејќи се бори со тврдоглаво висока инфлација. Бидејќи растот на цените се искачи на рекордни 8,1 отсто минатиот месец и брзо се прошири, ЕЦБ ги укинува стимулативните мерки …

ЕЦБ го прекинува откупот на обврзници и најавува серија зголемувања на каматните стапки по 11 години Read More »

ВМРО-ДПМНЕ му се додворува на ССМ, ќе го достави амандманот за повисоки плати


На покана на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска се одржа средба помеѓу претставници на ССМ предводени од страна на секретарот на Советот, Златко Цветковски, шефот на кабинет, Слободан Трендафилов, потпретседателот, Иван Пешевски и пратениците Бојан Стојановски и Дафина Стојаноска, информираат од ССМ. На средбата е разговарано за предлог амандманот …

ВМРО-ДПМНЕ му се додворува на ССМ, ќе го достави амандманот за повисоки плати Read More »

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто 


Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, …

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто  Read More »

Компаниите во ТИРЗ годинава ќе користат 20 проценти повеќе гас, во зоните ќе никнат и фотоволтаици


Поради зголемениот обем на производство, очекуваме оваа година компаниите да искористат 20 проценти повеќе гас, а економската активност за првите пет месеци и покрај кризата и ризиците расте со стабилно темпо, изјави директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. Тој на денешната средба со новинарите за новиот развоен концепт на ТИРЗ, со кој Технолошко индустриската зона во …

Компаниите во ТИРЗ годинава ќе користат 20 проценти повеќе гас, во зоните ќе никнат и фотоволтаици Read More »

БДП во првиот квартал пораснал за 2,4 отсто


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна …

БДП во првиот квартал пораснал за 2,4 отсто Read More »

Ангеловска-Бежоска: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста и економскиот потенцијал


Емпириските истражувања покажале дека кај земјите со помал доход, јакнењето на институциите има значаен позитивен придонес за поефикасно спроведување на структурните реформи, раст на продуктивноста и за повисок економски раст, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Годишната конференција организирана од Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), Љубљана, на тема „Силните институции …

Ангеловска-Бежоска: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста и економскиот потенцијал Read More »

ОЕЦД: Војната во Украина најмногу ќе ги погоди економиите во Европа


Светската економија годинава нагло ќе забави поради војната во Украина, која ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Светската економија годинава ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја својата декемвриска прогноза за 1,5 процентни поени. Во 2023 година растот би …

ОЕЦД: Војната во Украина најмногу ќе ги погоди економиите во Европа Read More »

Како до поголем раст и повисок стандард: Што предвидува Рамката за развој МКД 2030


Забрзан економски раст, заштита на животната средина на ниво на европскиот просек и редефинирана енергетска политика, забрзување на дигиталната трансформација и промовирање на дигитална економија и образованието, младите и инклузивниот развој, се четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030 којашто денеска беше промовирана од претседателот Стево Пендаровски. – За да постои реална шанса за …

Како до поголем раст и повисок стандард: Што предвидува Рамката за развој МКД 2030 Read More »

Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции изутринава падна за 0,6 …

Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ Read More »

ФИТР го објави повикот „Стартапувај 4” за поддршка на македонскиот стартап еко систем


Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Стартапувај 4”, со кој вкупно два милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем. Како што информираат од ФИТР, јавниот повик „Стартапувај 4” обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. – …

ФИТР го објави повикот „Стартапувај 4” за поддршка на македонскиот стартап еко систем Read More »

Стипендии и вработување во „Макстил“ за сите идни студенти на Технолошко-металуршки факултет


Компанијата „Макстил“ доделува стипендии за студирање на Технолошко-металуршки факултет во академската 2022/23 година. Стипендиите се однесуваат на додипломските студии, го покриваат целото школување во траење од 4 години и се наменети за студентите кои ќе се запишат на насоката за Металургија, дизајн и менаџмент. Подетални информации околу студиите може да се добијат на линкот. Стипендиите, …

Стипендии и вработување во „Макстил“ за сите идни студенти на Технолошко-металуршки факултет Read More »

Азески им додели награда – голема плакета на Вучиќ, Рама, Заев и Ковачевски


  Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, им додели големи плакети на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија, Александар Вуќиќ и на поранешниот македонски премиер Зоран Заев за придонесот на регионалната интеграција.  Како што соопштија од комората, станува збор за признание – награда што …

Азески им додели награда – голема плакета на Вучиќ, Рама, Заев и Ковачевски Read More »