За три месеци се родиле 4.379 бебиња, а починале 4.760 лица, меѓу кои и 22 доенчиња


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,5 отсто и изнесува 4.379. Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4.760 и бележи намалување од 33,4 отсто во споредба со лани. Од нив, …

За три месеци се родиле 4.379 бебиња, а починале 4.760 лица, меѓу кои и 22 доенчиња Read More »

Останатите финансиски институции со квартален раст од 677 милиони денари


  Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал годинава изнесуваат 169.538 милиони денари, што претставува квартален раст од 677 милиони денари. Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на …

Останатите финансиски институции со квартален раст од 677 милиони денари Read More »

Инфлацијата во земјите од еврозоната со нов рекорд, 9,1 отсто во август


Инфлацијата во европските земји кои го користат еврото достигна нов рекорд во август, од 9,1 отсто, поттикната од скокот на цените на енергијата предизвикан главно од руската војна во Украина, објави денеска европската статистичка агенција Евростат. Годишната инфлација во 19-те земји од еврозоната во август порасна на 9,1 отсто, што е зголемување во однос на …

Инфлацијата во земјите од еврозоната со нов рекорд, 9,1 отсто во август Read More »

Министерот Сали против штрајкот на матичните лекари, пациентите не смеат да трпат


Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува најавениот штрајк на матичните лекари од 5 до 7 септември, бидејќи, според него не може преку пациенти да се бојкотира работа и да се даваат повици за масовно земање упати и терапии. – Од самиот почеток кога пристапив во функцијата, првиот состанок го одржав со матичните лекари, …

Министерот Сали против штрајкот на матичните лекари, пациентите не смеат да трпат Read More »

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата


  И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при …

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата Read More »

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите


  Народната банка објави дека е намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основa, при што во јули таа изнесува 4,33 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити е задржана стабилна, на ниво од 0,67 проценти. Во јули 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,06 процентни поени …

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите Read More »

Сали: Се чека финалниот извештај од ДСЗИ за починатиот млад пациент од Берово


Стручната комисија за случајот со починатиот 25-годишен пациент од Берово после хируршка интервенција на заб е веќе формирана, но се чека финален извештај од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Откако извештајот ќе стигне до Министерството, Комисијата ќе заседава врз основа на целата процедура, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање …

Сали: Се чека финалниот извештај од ДСЗИ за починатиот млад пациент од Берово Read More »

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативите за Законот за игри на среќа и за ковид-протоколите


Уставниот суд за утре закажа седница на која ќе биде разгледана иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно …

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативите за Законот за игри на среќа и за ковид-протоколите Read More »

Петнаесет отсто Германци нема да можат да плаќаат за комунални услуги поради цената на гасот


Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на горивата, околу 15 отсто од корисниците на нивните услуги нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ за медиумската групација „Функе“. Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од германскиот гас, како и снабдуваат електрична енергија, вода и топлинска …

Петнаесет отсто Германци нема да можат да плаќаат за комунални услуги поради цената на гасот Read More »

„Гаспром“: Рекорден профит и покрај санкциите, ќе исплаќа и дивиденди


  Руската енергетска компанија „Гаспром“ денеска објави дека остварила рекорден профит во првата половина од годината и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина. Нето добивката е 41,6 милијарди евра, додека во 2021 година рускиот гигант оствари добивка од 27,5 милијарди евра, се вели во соопштението на „Гаспром“, во кое се додава дека ќе …

„Гаспром“: Рекорден профит и покрај санкциите, ќе исплаќа и дивиденди Read More »

Црна Гора: 97 милиони евра од економско државјанство


  Од економските државјанства во Црна Гора, вкупните ефекти до сега се проценуваат на 97 милиони евра, пишува подгорички Дан. Преку програмата за економско државјанство досега преку даноци во буџетот на Црна Гора се уплатени 29.000.000 евра, покажуваат податоците на Агенцијата за инвестиции доставени до „Дан“. Исто така, на сметката за помалку развиените општини се …

Црна Гора: 97 милиони евра од економско државјанство Read More »

Радукану по елиминацијата на УС Опен: Сега можам да почнам од нула


Минатогодишната шампионка на УС Опен, Ема Радукану не успеа да го помине првото коло на годинашниот Грен слем во Њујорк. – Секако дека сум многу вознемирена и многу тажна. Но, на некој начин, мило ми е што сега можам да почнам од нула. Ќе паднам на ВТА, но способна сум да се вратам помеѓу најдобрите. …

Радукану по елиминацијата на УС Опен: Сега можам да почнам од нула Read More »

Словенија именуваше специјален пратеник за Западен Балкан


Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека Словенија го именува Анжеј Франгеш за специјален пратеник за Западен Балкан. За именувањето на нашиот пратеник за регионот на Западен Балкан го информирав заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, наведе Фајон. Франгеш е вработен во словенечкото Министерство за надворешни работи од 2003 година. 

Привремено се укинуваат царински стапки за млеко и павлака


 Со цел да се намали растот на цените, Владата денеска донесе одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 отсто и царинската …

Привремено се укинуваат царински стапки за млеко и павлака Read More »

Четворица загинати во силно невреме во делови од Тексас, Арканзас, Охајо и Мичиген


  Најмалку четири лица загинаа во невреме со бури и силни ветришта што предизвикаа материјални штети од Јужните рамнини до Големите Езера на север.  Меѓу жртвите од невремето во Тексас, Арканзас, Охајо и Мичиген има и деца.  Заканата од бури оди на исток, задржувајќи се во делови од Вирџинија и Мејн, но, според метереолозите, ова …

Четворица загинати во силно невреме во делови од Тексас, Арканзас, Охајо и Мичиген Read More »

МОН: Бесплатен пристап до светската научно истражувачка база EBSCO за научната и академската заедница во земјава


Министерството за образование и наука соопшти дека ќе продолжи да им обезбедува на јавните универзитети во државава, Македонската академија на науките и уметностите и на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје бесплатен пристап до една од водечките научно истражувачки бази во светот – EBSCO. Владата, како што посочуваат од МОН, го прифати …

МОН: Бесплатен пристап до светската научно истражувачка база EBSCO за научната и академската заедница во земјава Read More »

Арсовска: Сите екипи се на терен, се интервенира на сите локации, штетите се санираат


Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и Противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица од невремето. Се санираат штетите кои се предизвикани пред се од обилните наноси на дожд, има голем број откорнати и паднати дрвја кои имаат нанесено значителни материјални штети, а …

Арсовска: Сите екипи се на терен, се интервенира на сите локации, штетите се санираат Read More »

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го расчистуваат градот од паднати дрвја и гранки


  Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по попладневното невреме кое го зафати Скопје веднаш излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот. Досега се пријавени  над 40 локации на кои е побарана наша интервенција но од час во час стигнуваат и нови пријави. Се случува на една локација да  има паднати  повеќе дрвја и гранки така што бројот на потребни интервенции е многу поголем. …

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го расчистуваат градот од паднати дрвја и гранки Read More »

Пад на цените на нафтата


Цената на нафтата на светските берзи денеска забележа пад поради стравувањата на трговците дека агресивниот одговор на централните банки на инфлацијата и на зголемувањето на каматните стапки ќе ја ослабат светската економија и побарувачката на гориво. На берзата во Лондон барел нафта за испорака во октомври се тргуваше за 101,19 долари, што е намалување за …

Пад на цените на нафтата Read More »

Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео)


Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, како и за одлетани покриви, за паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле…  УХМР најави …

Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео) Read More »