„Гаспром“: Рекорден профит и покрај санкциите, ќе исплаќа и дивиденди


 

Руската енергетска компанија „Гаспром“ денеска објави дека остварила рекорден профит во првата половина од годината и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина.
Нето добивката е 41,6 милијарди евра, додека во 2021 година рускиот гигант оствари добивка од 27,5 милијарди евра, се вели во соопштението на „Гаспром“, во кое се додава дека ќе се исплатат дивиденди.

„И покрај притисокот од санкциите и неповолното надворешно опкружување, Групацијата ‘Гаспром’ оствари рекордни приходи и нето добивка во првата половина на 2022 година, притоа сведувајќи го нето долгот и финансискиот ризик на минимум“, изјави заменик директорот на „Гаспром“, Фамил Садигов, пренесува РИА Новости.

Поради санкциите, „Гаспром“ го ограничи, па дури и го прекина снабдувањето со гас за неколку земји од ЕУ.