За три месеци се родиле 4.379 бебиња, а починале 4.760 лица, меѓу кои и 22 доенчиња


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,5 отсто и изнесува 4.379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4.760 и бележи намалување од 33,4 отсто во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7,3 отсто во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2.670 бракови. Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.