Бајден загрижен за можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија


 Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е загрижен поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. -Тие сè уште не го направиле тоа, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа, но „тоа е загрижувачко“, додаде американскиот претседател.

Почнува проектот „Медиумите за ЕУ“


Евротинк – Центарот за европски стратегии и партнерите АЛДА и БИРС, денеска го почнуваат проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ќе се спроведува во наредните три години со поддршка од Европската Унија. Целта на проектот е да се …

Почнува проектот „Медиумите за ЕУ“ Read More »

Дебата за иселувањето на младите


Форумот за образовни промени денеска организира јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“. На дебата во ЕУ Инфо центарот се најавени министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик амбасадорот на ЕУ во Скопје Џулијан Васало, универзитетскиот професор Адмирим Халити и студентски адвокат …

Дебата за иселувањето на младите Read More »

Замрзнуваат цените на хигиенските производи, неделава одлука и за дел од овошјето и зеленчукот


 Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е …

Замрзнуваат цените на хигиенските производи, неделава одлука и за дел од овошјето и зеленчукот Read More »

Русија почна стратешки воени вежби со ракетниот систем „Јарс“


Руските стратешки ракетни сили почнаа планирани вежби во кои се вклучени мобилните нуклеарни интерконтинентални балистички ракетни системи „Јарс“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Во вежбите се вклучени над 3.000 војници и околу 300 парчиња опрема“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.

Доделување награди на компании од регионот на Западен Балкан во рамки на Коморскиот инвестициски форум


Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), ќе додели награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан. Наградите, како што информираат организаторите, се во вкупно шест категории и тоа за најголем раст на извозот во регионот во 2022 …

Доделување награди на компании од регионот на Западен Балкан во рамки на Коморскиот инвестициски форум Read More »

Австрискиот претседател Ван дер Белен ќе се обрати пред пратениците во Собранието


 Сојузниот претседател на Република Австрија Александер ван дер Белен во рамки на официјалната посета на Северна Македонија денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието.  Австрискиот претседател на покана на шефот на државата Стево Пендаровски, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Покрај со неговиот домаќин, тој денеска ќе има средби и со претседателот …

Австрискиот претседател Ван дер Белен ќе се обрати пред пратениците во Собранието Read More »

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека


Кинотеката на Република Северна Македонија денеска напладне ќе го промовира своето најново печатено издание, автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел, насловена „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело станува достапно на македонски јазик. Издавањето на книгата е овозможено благодарение на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и Амбасадата на Кралството Шпанија …

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека Read More »

Промоција на Програмската рамка за соработка меѓу Сида и УНДП со Северна Македонија


Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ќе ја промовираат Програмската рамка за соработка. Станува збор за програма во чии рамки, во наредните три години, ќе се реализираат проектите „Справување со загадувањето на воздухот“ и „Градење на општинските капацитети за спроведување на проекти“. На промоцијата, за целите и …

Промоција на Програмската рамка за соработка меѓу Сида и УНДП со Северна Македонија Read More »

Австрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на Северна Македонија


Сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој на покана на шефот на државата Стево Пендаровски, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе го започне работниот дел од посетата, а покрај со неговиот домаќин, ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски. Австрискиот …

Австрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на Северна Македонија Read More »

Вклучувањето на други делови од народи кои живеат во Северна Македонија приорит на уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи велат дека приоритет во однос на Уставот е исполнување на обврската од преговарачката рамка усвоена од 27 земји-членки на Европската унија во делот на уставните амандмани за вклучување на други делови од народи кои живеат во Република Северна Македонија, …

Вклучувањето на други делови од народи кои живеат во Северна Македонија приорит на уставните измени Read More »

Македонско-австриски бизнис средби


Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје денеска организираат Македонско-австриски бизнис средби, со цел интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји. На средбата во Стопанската комора ќе присуствуваат австриски бизнисмени со кои претставниците на македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од различни …

Македонско-австриски бизнис средби Read More »

Постудено и ветровито


 Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен …

Постудено и ветровито Read More »

За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ


За 11 години од Црна Гора заминале 69.495 граѓани во земјите на Европската унија., покажуваат податоците на Евростат. Податоците се однесуваат на периодот од 2010 година до 2020 година и не ги опфаќаат 2021 и 2022 година, во спротивно бројот на оние што ја напуштиле Црна Гора би бил уште поголем. Според Адриа ТВ од …

За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ Read More »

Сослушување во Конгресот на САД за крахот на двете банки


Банкарскaта комисија на Сенатот денеска ќе го одржи првото конгресно сослушување за колапсот на двете американски банки, Silicon Valley Bank и Signature Bank oд Њујорк, како и недостатоците во надзорот и регулативата, од страна на највисокиот финансиски регулатор на САД (Фед) во претходниот период. Комитетот ќе ги испрашува Мајкл Бар и другите официјални лица да …

Сослушување во Конгресот на САД за крахот на двете банки Read More »

„Очите солзат уште пред да се излупи“: Зошто кромидот е толку скап?


  Цената на кромидот урива рекорди – килограм од овој производ неопходен за секое традиционално јадење и за приготвување салати достигнува цена од 80, 90 па и 100 денари. Потрошувачите се збунети – никогаш порано кромидот не бил поскап од празот, кој чини околу 50 денари за еден врзоп, а се приближи до цената на …

„Очите солзат уште пред да се излупи“: Зошто кромидот е толку скап? Read More »

Вучиќ – Сакеларопулу: Заинтересирани сме за течниот гас од Грција, важен е и коридорот Белград-Скопје-Солун-Пиреја


 Србија е заинтересирана за купување на одредена количина на течниот гас од ЛНГ терминалот во Александрополис, а многу важен е и коридорот Будимпешта-Белград-Скопје-Солун-Пиреја-Атина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Сакеларопулу наведе  дека ставот на Атина, кога станува збор за …

Вучиќ – Сакеларопулу: Заинтересирани сме за течниот гас од Грција, важен е и коридорот Белград-Скопје-Солун-Пиреја Read More »

Штериев – Ангелоски: На Берзата да котираат и успешни компании формирани по независноста на државата


Освен традиционалните компании кои досега котираа на Македонската берза, а се оформени пред осамостојувањето на државата, односно пред 1991 година, да се појават и нови, свежи производи – акции од компании создадени во независна Северна Македонија кои успешно работат. Ова е новото поглавје во работењето на Македонската берза што денеска го најавија директорот на Македонска …

Штериев – Ангелоски: На Берзата да котираат и успешни компании формирани по независноста на државата Read More »

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар


Секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенци. Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски. ССК, нагласи Ангелоски, преферира слободен пазар. -На 8 септември 1991 година граѓаните …

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар Read More »

Надзорот за коридорите 8 и 10д е најевтин досега за изградба на автопат, вели Ковачевски


Сите информации што се од јавен карактер и сите податоци за изборот, и на проектантот, и на изведувачот и на надзорот се јавно достапни во Бирото за јавни набавки. Може да отпочнат какви било постапки, а јас третпат го повикувам и Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија да спроведат постапка за која имаат законска надлежност во …

Надзорот за коридорите 8 и 10д е најевтин досега за изградба на автопат, вели Ковачевски Read More »