Доделување награди на компании од регионот на Западен Балкан во рамки на Коморскиот инвестициски форум


Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), ќе додели награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан.

Наградите, како што информираат организаторите, се во вкупно шест категории и тоа за најголем раст на извозот во регионот во 2022 година, дигитализација, заштита на животната средина, иновативност, инвестиции и снабдување во регионалните ланци на снабдување.

Со регионалните награди, според организаторите, се оддава признание на придонесот на компаниите кои се предводници на регионалната економска интеграција и соработка, во различните столбови на Заедничкиот регионален пазар, Зелената и Дигиталната агенда за Западниот Балкан, и интеграцијата на економиите на Западен Балкан кон единствениот пазар на ЕУ.