За 11 години околу 70.000 граѓани од Црна Гора заминале во земјите на ЕУ


За 11 години од Црна Гора заминале 69.495 граѓани во земјите на Европската унија., покажуваат податоците на Евростат.

Податоците се однесуваат на периодот од 2010 година до 2020 година и не ги опфаќаат 2021 и 2022 година, во спротивно бројот на оние што ја напуштиле Црна Гора би бил уште поголем.

Според Адриа ТВ од Подгорица, бројот на оние кои ја напуштиле Црна Гора во потрага по подобар живот, во последните 10 години е значително поголем.