Американски разурнувач спроведе операција во Јужното кинеско море


 Американскиот разурнувач „УСС Милиус“ денеска спроведе „операција за слобода на пловидбата“ во делот на Јужното Кинеско Море на кој право има Пекинг, во време кога кинеската војска изведува воени вежби околу Тајван. „Оваа операција на слобода на пловидбата ги почитува правата, слободите и законското користење на морето“, соопшти американската морнарица, истакнувајќи дека бродот поминал во …

Американски разурнувач спроведе операција во Јужното кинеско море Read More »

Ликот на Садам исчезна од Багдад, а пред две децении беше насекаде


  Од безбројните приказни за неговиот живот како бербер во Ирак, Каис ал-Шара најмногу сака да зборува за 9 април 2003 година, кога гледал како Ирачаните и американските маринци заеднички ја уриваа статуата на Садам Хусеин пред неговиот берберски салон на плоштадот Фирдос во Багдад. Статуата висока 12 метри на ирачкиот диктатор што ја пружа …

Ликот на Садам исчезна од Багдад, а пред две децении беше насекаде Read More »

Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат


Македонската репрезентација во традиционално карате е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат одржан викендот во Скопје со освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали. Медалите се освоени во сите возрасни категории и дисциплини во поединечна и екипна конкуренција. Најуспешни наши каратисти со освоени повеќе златни, сребрени и бронзени медали беа: Димитри …

Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат Read More »

Макрон смета дека Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван


 Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не е во интерес на Европа да ескалира кризата околу Тајван и оти треба да продолжи со стратегија која е независна и од Вашингтон и од Пекинг. Макрон викендов се врати од тридневната државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг. Кина во саботата почна воени вежби во близина на Тајван, како остра …

Макрон смета дека Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван Read More »

Брод со 400 мигранти меѓу Грција и Малта се полни со вода


Брод со околу 400 мигранти плута меѓу Грција и Малта и се полни со вода, објави синоќа службата за помош „Аларм Фоун“. Од службата на Твитер објавија дека во текот на ноќта добиле повик од бродот, кој испловил од Тобрук во Либија и дека ги известиле властите. Но, властите засега не започнале спасувачка операција, додаваат …

Брод со 400 мигранти меѓу Грција и Малта се полни со вода Read More »

Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј


 Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти. Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс. -Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите …

Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј Read More »

Тајван до утринава во близина на својата граница регистрирал 59 кинески авиони


 Тајванското Министерство за одбрана на третиот ден од кинеските воени вежби ја информира јавноста дека до утринава регистрирало 59 кинески борбени авиони во близина на својата граница. Според Министерството, од 59 забележени авиони, 39 ја прелетале централната линија на Тајванскиот теснец и влегле во тајванската воздушна одбранбена зона. Податоците се однесуваат до утринава, до 10 …

Тајван до утринава во близина на својата граница регистрирал 59 кинески авиони Read More »

Зеленски се надева на мир во Украина на Велигден следната година


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе има мир во Украина до Велигден следната година, обраќајќи им се на Украинците откако многумина во земјата го прославија Велигден по вторпат од почетокот на руската инвазија. – Идната година Цветници нека помине во мир и слобода за целиот наш народ, рече украинскиот претседател во својата дневна …

Зеленски се надева на мир во Украина на Велигден следната година Read More »

Измените на девет закони за автопатските делници денеска во Собрание


Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство. На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите за …

Измените на девет закони за автопатските делници денеска во Собрание Read More »

Промоција на поетската книга „Глуво време“ од Виолета Танчева-Златева


Во изложбениот салон на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Глуво време“ од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева. Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 година, излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде …

Промоција на поетската книга „Глуво време“ од Виолета Танчева-Златева Read More »

Работна средба на Зелената група


Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) денеска ќе одржи работна средба со претставници на невладината организација „Еко-свест“ и Глобалниот еколошки фонд за Нацрт-законот за климатска акција и Фондот за животна средина.

Семинар за критичка психологија со Атанасиос Марвакис од Грција


Во КСП Центар-Јадро во Скопје денеска ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис од Грција. Како што соопштија од Центар-Јадро, семинарот на грчкиот критички психолог Атанасиос Марвакис е замислен да биде воведен дел од овогодинешната читачка група. На читачката група ќе се читаат дела од авторите Клаус Холзкамп, Јан …

Семинар за критичка психологија со Атанасиос Марвакис од Грција Read More »

Облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер


Времето денска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје oблачно со …

Облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер Read More »

Истекува рокот за номинирање претставници во работната група за уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, СПМ и ДС ја одбија поканата


Рокот за номинирање претставници во работната група за измени на Уставот што Министерството за правда им го даде на институциите и политичките партии истекува денеска. Освен парламентарните политички партии во работната група при Министерството за правда претставници треба да номинираат и од Кабинетот на Претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања …

Истекува рокот за номинирање претставници во работната група за уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, СПМ и ДС ја одбија поканата Read More »

САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи


Протекувањето на доверливи воени документи кои беа објавени на социјалните мрежи ги вознемири американските служби, кои се обидуваат да го идентификуваат изворот за кој некои безбедносни експерти се сомневаат дека може да биде некој од САД. Официјални лица рекоа дека опсегот на темите опфатени во документите, од војната во Украина до прашањата поврзани со Кина, …

САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи Read More »

Руската рубља на најниско ниво од април 2022 година


Руската рубља денеска го доживеа најголемиот дневен пад оваа година и ја забележа најниската вредност во однос на доларот и еврото од април минатата година. Рубљата денеска падна за повеќе од два отсто во однос на американскиот долар и се купува за 83,50 во однос на доларот и 91,32 во однос на еврото, пренесува Ројтерс. …

Руската рубља на најниско ниво од април 2022 година Read More »

Секој паметен телефон може да биде прислушуван


Секој паметен телефон може да се прислушува и шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди денеска компанијата Даст Мобајл (Dust Mobile) на Меѓународниот форум за кибер безбедност во Лил, на северот на Франција. „За 500 долари месечно на дарк нет (кој не е видлив на обичните пребарувачи), хакер може, само знаејќи …

Секој паметен телефон може да биде прислушуван Read More »

Сечењето на Амазон во март за 14 отсто поголемо од минатата година


Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума во март било за 14 отсто поголемо отколку во март минатата година, покажуваат прелиминарните податоци што денеска ги објаве бразилската Влада. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја презеде функцијата на 1 јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на уништувањето на шумите по долгогодишно неконтролирано уништување на …

Сечењето на Амазон во март за 14 отсто поголемо од минатата година Read More »

Предметот за трагедијата со изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука


Државниот обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ и имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството. Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не …

Предметот за трагедијата со изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука Read More »

Ќе се коригираат највисоките цени кај дел од производите, поскапел увозот


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека од вторник или среда следната недела ќе има корекција кај дел од 11-те производи за кои Владата определи највисоки цени по кои што може да се продаваат. Како што објасни по состанокот со најголемите увозници на овошје и зеленчук, корекцијата е поради тоа што кај дел …

Ќе се коригираат највисоките цени кај дел од производите, поскапел увозот Read More »