Фестивалот на младо вино во „Тиквеш“ како модна писта


Веќе 14 години е престиж да бидеш поканет и да дегустираш врвни вина од избрани микролокации на фестивалот на младо вино во „Тиквеш“, прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот.  Викендов, првото отворање на бочвите со вино […]

Хирурзите ја напуштија последната градска болница во Газа


Газа – Хирурзите ја напуштија последната градска болница во Газа, Ал Ахил која беше во функција, откако завршија залихите анестезија. Британско-палестинскиот хирург Гасан Абу Сита му рекол на својот тим дека дошло време да ја напуштат последната функционална болница во градот Газа. „Тоа беше ноќна мора – да оставам 500 повредени знаејќи дека не остана ништо […]

За викендот студено и ветровито


Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, соопшти УХМР. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и пораст на дневната температура. Минималните утрински температури ќе се спуштат до минус 5, […]

Временска машина и магично Wine&Dine кабаре шоу во Скопје


Деновиве во хотел „Мериот“ љубителите на врвниот хедонизам уживаа како ретко кога во ексклузивно Wine&Dine кабаре шоу, организирано од винарницата „Тиквеш“ во соработка со хотел „Мериот“. Гастрономските бравури на кулинарскиот тим на хотел „Мериот“, предводен од Кире Ставрев, директор на сегментот за храна и пијалаци, беа стручно енолошки впарени со внимателно избрани ексклузивни вина на […]

Концерти на „Дац и Александар“ и Влатко Стефановски во Софија


Во рамките на фестивалот „SoFest Winter 2023“, утревечер во Софија Лајв Клубот во Бугарија ќе се одржи концертот на дуетот „Дац и Александар“, а следната вечер, 19 ноември, концерт ќе одржи и Влатко Стефановски со „Balkan Trio B/G“. -Дуетот „Дац и Александар“, Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ќе се погрижат за смеата и забавата по […]

Комеморација за Мето Јовановски во вторник во Драмски театар – Скопје


Комеморацијата за доајенот на македонското глумиште Мето Јовановски ќе се одржи во вторник, на 21 ноември во 11 часот на големата сцена на Драмски театар – Скопје.  Како што информира Драмски театар, посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел в понеделник, на 20 ноември во 11 часот. Македонскиот театарски, […]

„Евангелие по Ф.М. Достоевски“ од Српско народно позориште на 48. МОТ


Српско народно позориште од Нови Сад е денеска (17 ноември) на Млад отворен театар (МОТ) во Скопје со претставата „Евангелие по Ф. М. Достоевски“. Претставата ќе се изведе од 20 часот во салата „25 мај“. Режисер е Јернеј Лоренци. „Достоевски целиот свој живот се обидувал да навлезе во суштината на тоа кои сме навистина, признавале […]

Околу 60 повредени во судирите меѓу навивачи и полицијата во Софија


 Софија – Речиси 60 полицајци и навивачи се повредени изминатата вечер во Софија во судирите по евроквалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Бугарија и Унгарија што се одигра зад затворени врати, објавија денеска бугарските власти. Портпаролката на градскиот Оддел за итни случаи, Катја Сунгарска, информираше дека се повредени 33 полицајци, вклучувајќи „неколкумина со тешки повреди“, како […]

Шон Диди Комбс тужен за силување и сексуална трговија- ќе заврши ли како Р. Кели


Aмериканската пејачка и танчарка Кеси го обвини рап могулот Шон Диди Комбс за силување и сексуална трговија. Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, во тужбата вели дека цела деценија била заробена во круг на злоставување и насилство. Комбс ги негираше обвинувањата и кажа дека неговата поранешна девојка се обидува да му изнуди пари. Кеси […]

Бредли Купер вежбал шест години шест минути диригирање во „Маестро“


Њујорк– Бредли Купер признава колку бил „преплашен“ да го портретира Леонард Бернштајн за филмот „Маестро“ на Нетфликс. Купер, кој исто така го режираше, продуцираше и ко-автор на филмот, за време на специјалната проекција во хотелот Витби, под модераторство на добитникот на „Тони“ – Лин-Мануел Миранда, рече дека поминал шест години усовршувајќи како да диригира  секвенца […]

Барби стана поп-ѕвезда: Кукла со ликот на Мараја Кери


Сè што сакам за Божиќ е … кукла Барби со ликот на Мараја Кери? Mattel во петокот рано наутро објави дека создал кукла налик на добитничката на Греми и самонаречена „кралица на Божиќ“ токму на време за претстојната турнеја „Merry Christmas One and All“ на поп-ѕвездата. „Сон кој се случува еднаш во животот е да […]

„Демнејќи го Годо“ – заедничка претстава на Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје


Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар. Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во […]

„Уште постои уметност „со лице, значење, минато, сеќавања“ : Изложба „Градина“ на Ервин Ќатовиќ во Мала станица


Вечерва, во 19 часот, во Мала станица, за прв пат, пред македонската јавност се претставува ликовниот уметник и професор од Србија – Ервин Ќатовиќ, уметник со импресивен опус, и син на Хилмије Ќатовиќ, истакнат уметник и професор на Факултетот за уметности и еден од основачите на ФЛУ во Приштина. Изложбата ќе содржи дваесетина слики во […]

„Домот е таму каде што те боли“: Што кажа Мето Јовановски за Горан Стефановски за српски „Данас“


  „Горан Стефановски е наш голем човек, не само македонски, балкански, туку и европски, неговите претстави се играа на познати сцени“, кажа во интервјуто за „Данас“, во декември лани,  Мето Јовановски, еден од најголемите југословенски и македонски филмски и театарски актери. Како што додава, во нив ги напишал сите идентитети што ги живеевме на овие […]

Штрајк на вработени во Старбакс ширум САД


Њујорк –  Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници. Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така […]

Двочасовен протест на Синдикатот на УПОЗ пред Владата


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организира двочасовен протест на кој ќе го искаже незадоволството од неисполнување на барањата за вработените во судската и јавнообвинителстската служба. Протестот ќе се одржи пред Владата во периодот од 12 до 14 часот.  Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември […]

Концерт на Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ и Владимир Лазаревски во КИЦ во Софија


Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија вечерва концерт ќе одржи дувачкото трио, составено од македонските музичари Владимир Лазаревски (обоа), Марина Николовска (обоа) и Маја Чанаќевиќ (англиски рог). Програмата на концертот е поделена во два дела, музички и стилски. Во првиот дел се потенцира негувањето на класичниот звук на камерното музицирање, додека […]

Синер го победи Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфинале


Торино- Пласманот во полуфиналето на Ѓоковиќ зависеше од мечот меѓу Синер и Руне, Италијанецот кој веќе беше пласиран, ја решаваше судбината на српскиот тенисер. Синер вчера со убедливи 6-2 го доби првиот сет, но Руне се врати, со 7-5 беше подобар во вториот сет и изедначи на 1-1. Голема броба се водеше во третиот решавачки […]

Балетот „Заспаната убавица“ вечерва во НОБ


Балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски вечерва и на 21 ноември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.  Диригент на претставите е Бисера Чадловска, а кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор Јане […]

Смртноста од морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани


Њујорк – Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен  од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести. Оваа многу […]