Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор


Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобриот промотор, најгласниот и најдиректниот маркетинг на нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегија, а тоа е пресликано и денес на Винскиот саем, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил. Николовски е дел од македонската владина делегација […]

Руски генерал кој го критикуваше Путин пронајден мртов во неговиот дом


Москва – Поранешниот командант на руската противвоздушна одбрана, кој го критикуваше Владимир Путин за состојбата на руските воздухопловни сили, е пронајден мртов во неговиот дом заедно со сопругата под мистериозни околности, пишува „Дејли мејл“. Високо одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) биле мртви околу една недела пред да бидат пронајдени нивните […]

Облачно и ветровито, попладне дожд


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 17 ноември 2023 година, 321-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 44 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минута, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денов трае 9 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

„Тајмс“ со блескава критика и 5 ѕвездички за новиот албум на Трпчевски


  Еден од најугледните светски медиуми, лондонски ТАЈМС излезе со максимална оценка од 5 ѕвездички и блескава критика за  двојниот албум на кој нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески е повторно обединет со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на Западногерманското радио од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и […]

Ковачевски од Белград: Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација


Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и […]

Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко и „Орка холдинг“ на црната листа на САД


  Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, мајката на бизнисменот Орце Камчев – Ратка Камчева, како и неколку нивни компании се најновите имиња на црната листа на САД објавена во четвртокот попладнето. Во одлуката на американското Министерство за финансии се наведува дека сите споменати лица и фирми се ставени на листата поради нивната тесна поврзаност […]

Спречен меѓународен транспорт на 85 килограми марихуана во заедничка акција со грчката полиција


 Спречен е меѓународен транспорт на 85 килограми марихуана и во државава лишени се од слобода четири лица, а во Грција е распишана потрага по грчки државјанин, вчера, во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Регионалниот центар Исток и СВР Струмица со Службата за борба […]

Кривичниот суд останува со 42 судии и 215.000 предмети, се бара делегирање нови


Судскиот совет избра четворица нови судии во Апелацискиот суд за кривичната област, од кои тројца доаѓаат од Основниот кривичен суд Скопје. Со ова, првостепениот суд останува со 42 судии. Судиите од кривичната област Александра Ристеска, Весна Димишкова и Осман Шабани, од Кривичниот ќе заминат да работат во Апелациониот суд Скопје, со што во прашање се […]

ИЈЗ: Децата да пијат повеќе вода и природни сокови, а помалку „Прајм“


Како и секогаш, нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, а консумацијата на „PRIME HYDRATION DRINK“ кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација од 500 мл дневно. Ваква препорака стаса денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде што преку соопштение советуваат дека […]

Ѓоковиќ го победи Хуркач но не е сигурен учесник во полуфиналето во Торино


Торино – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Полјакот Хуберт Хуркач во мечот од 3. коло на завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 2 часа и 6 минути, Србинот славеше победа со 7:6 (7:1), 4:6 и 6:1. Триесет и шестгодишниот Србин е на второто место во Зелената група. Хуркач е претпоследен. […]

Македонски филмови во фокусот на најпрестижниот фестивал на Балтикот


Од 3 до 16 ноември во Талин се одржа  меѓународниот филмски фестивал „Tallinn Black Nights Film Festival”, на кој беше претставена македонската кинематографија со филмови од македонската продукција и тоа како мнозински или како малцински ко-продуценти. -Земји во фокус на фестивалот се Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде се појавуваат 13 филмови, а Македонија како […]

Лепа Брена го шармираше Скопје: Јас сум реклама на моите производи (фото)


Отмена, природна во однесување, професионална, љубезна за фотографирање, ама отсечна за бакнување – Лепа Брена дојде во Скопје да ги рекламира своите хулахопки „Лејди Б“ во парфимеријата  “Cosmos“ во ТЦ „Зебра“ и направи хаос како регионална фолк ѕвезда и луцидна бизнисменка. Затоа што и на 63 години, што и да направи, претвара во злато- од музика, […]

Мето Јовановски, горостасот на македонското глумиште, почина на 77 години


  Мето Јовановски, човекот што повеќе од пет децении беше симбол и легенда на македонското глумиште, кој оствари улоги кои се влезени во македонскиот ген, почина денеска на 77 години. Поголемиот дел од јавноста можеби најмногу се сеќава на неговите филмски улоги во филмовите „Тетовирање“ и „Среќна нова 49“, но она што го направи Мето […]

Северозападниот дел на Бугарија е на прво место по жртви во сообраќајни несреќи


Луксембург – Северозападниот регион на Бугарија е на прво место во Европска Унија и во Европа по бројот на жртви во сообраќајни несреќи за 2021 година, покажуваат денеска презентираните податоци на Евростат. Според податоците, во овој дел од најсиромашната членка на ЕУ годишно имало 133 жртви на еден милион жители. Евростат наведува дека имало 19.917 жртви […]

Ферид Мухиќ: Филозофијата била и останала единствен морален водич на човечкиот ум


По повод Светскиот ден на филозофијата, Филозофското друштво на Македонија денеска ја додели нововостановената награда „Константин Философ“ која за животно дело ја доби Ферид Мухиќ, академик и редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет. За наградата одлучи жири во состав Мирко Ѓошевски (претседател) и Денко Скаловски и Сузана Симоновска (членови). Проф. Ѓошевски […]

Во Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати


Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоките плати за вработените во јавната администрација, за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ.  „За она што е предвидено […]

„All I Want for Christmas“ прв пат ќе се пее на музички награди: Билборд со почест за Мараја Кери


Мараја Кери ќе приреди божиќна екстравагантна изведба на Билборд музичките награди 2023 година на 19 ноември. Пејачката на  „Emotions“ ќе се качи на сцената на BBMA за изведба инспирирана од Аспен и исполнета со изненадувања на „All I Want For Christmas Is You, “ што ќе го одбележи прв пат во историјата легендарниот сингл да […]

Падна снег на Попова Шапка


Попова Шапка е местото на кое веќе се забележува убава снежна покривка. Иако се уште е недоволно за скијање, сепак можеме да уживаме во зимската идила, на сонце и чист воздух. Под влијание на циклонска активност од запад и продор на студен воздух од север во петок попладне и навечер, а особено во текот на ноќта […]

ЕУ: Здравството ви е за ремонт, медицински сестри и специјалисти заминуваат во странство


Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Но, остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравје, посебно во однос на контролата на тутунот и достапноста, потоа, опсегот на здравствените услуги, финансирањето на примарната здравствена заштита, а треба да се подобри и  скринингот за рак. Освен тоа, усогласувањето на македонското здравство […]