Лепа Брена го шармираше Скопје: Јас сум реклама на моите производи (фото)


Фото: Б. Богдановска

Отмена, природна во однесување, професионална, љубезна за фотографирање, ама отсечна за бакнување – Лепа Брена дојде во Скопје да ги рекламира своите хулахопки „Лејди Б“ во парфимеријата  “Cosmos“ во ТЦ „Зебра“ и направи хаос како регионална фолк ѕвезда и луцидна бизнисменка. Затоа што и на 63 години, што и да направи, претвара во злато- од музика, песни, мода, а сега како дама за дамите со новите производи за подобар изглед со кои ќе го освојува Балканот. По Белград, денес Скопје, па во Софија и до крајот на годината во Загреб. 

Фото: Б. Богдановска

„Лејди Б“ хулахопките од 20, 40 и 70 ден, се технолошки најнапредниот производ на регионалниот пазар, кој содржи хијалуронска киселина и златни наночестички во ткаенината.

„Она што јас го носам на настапи, гала настани и на патувања, им го препорачувам за сите жени. Моите хулахопки се нежни и силни како жените“, порача денес Лепа Брена пред новинарите во Скопје. 

Фото: Б. Богдановска

Самиот производствен процес траел цели 3 месеци, целата подготовка- две години, а идејата започнала уште за време на пандемијата. Специјалната патентирана ткаенина доаѓа од Шпанија, а самото производство се одвива специјално за „LADY B“ во Италија во фабрика која повеќе од 50 години ги произведува најквалитетните чорапи во светот.
 
Фото: Б. Богдановска

Компанијата постои веќе една година. Во Скопје засега е достапна  колекцијата „Селебрити“, а во наредниот период ќе пристигне и новата линија „Лејди Б иновејшн“ која се состои од три колекции „Фир“, „Меџик“ и „Флај“. 

Фото: Б. Богдановска

Колекцијата „Елеганс“ е наменета за дамите со изразени облини.  За претстојните зимски денови, се препорачуваат Термал хулахопките. (Л.С.)