Синер го победи Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфинале
Јаник Синер со 2-1 во сетови го победи Холгер Руне, а тоа значеше дека Новак Ѓоковиќ се пласира меѓу четирите најдобри на завршниот турнир во Торино

Торино- Пласманот во полуфиналето на Ѓоковиќ зависеше од мечот меѓу Синер и Руне, Италијанецот кој веќе беше пласиран, ја решаваше судбината на српскиот тенисер.
Синер вчера со убедливи 6-2 го доби првиот сет, но Руне се врати, со 7-5 беше подобар во вториот сет и изедначи на 1-1.
Голема броба се водеше во третиот решавачки сет, но Синер покажа дека е во поголема форма, го доби сетот со 6-4 и победи во мечот со 2-1.
Италијанецот покажа фер-плеј, не калкулираше за да го исфрли Ѓоковиќ и да има полесен пат до трофејот.