Фестивалот на младо вино во „Тиквеш“ како модна писта


Топ-моделот Катарина Ивановска и поп-ѕвездата Тамара

Веќе 14 години е престиж да бидеш поканет и да дегустираш врвни вина од избрани микролокации на фестивалот на младо вино во „Тиквеш“, прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот. 

Викендов, првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба, и на многу студено време, собра елитни гости од сите сфери на живеење, моќни фаци и најубави жени, сите по ред дотерани и нашминкани како за на модна писта. 

Драгана Јаневска со пријатели

Присутните претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот, министри и познати јавни личности се дружеа, озборуваа, мезеа, пушеа пури, видоа, беа видени и се забавуваа на поп и балканска етно-музика со настапите на „Ringtones“, интернационалната група „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ и на нашите познати диџеи Гоце и Чваре. Вчера, на првиот ден од фестивалот настапија и претставници на музичкото училиште „Ентерпрајз“,како најава за поддршката што Винарската визба „Тиквеш“ ќе ја обезбеди за развој на младите музички таленти, кои во иднина ќе ја збогатат домашната музичка сцена. 

И годинава, имаше засилено обезбедување, заради најавените гости од високата политика во ВИП делот, но највесело беше во новиот простор на отворено, кој беше покриен и опремен со тајфуни за загревање на гостите. (Л.С.)