Леброн Џејмс стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл


Лос Анџелес – Суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс забележа трипл-дабл во поразот рано утрово од Сакраменто со 110:125. Џејмс мечот го заврши со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока. Четирикратниот НБА-шампион со 38 години и 320 дена стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл на еден натпревар. Карл Мелоун имаше 10 […]

Може ли Македонија да го заштити културното наследство во услови на војна? 


Македонија има ратификувано две конвенции за заштита на културното наследство во случај на воен конфликт и што се однесува до нормативната рамка, ние сме добро подготвени. Но, фактичката состојба е дека оперативните елементи не се добро имплементирани, односно во пракса не сме доволно подготвени. Потребна е поголема меѓусекторска соработка и нов оперативен план, изјави Оливера […]

Ферид Мухиќ прв добитник на наградата „Константин Философ“ за животно дело


Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија по 20. пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од ноември и се слави низ целиот свет, потенцирајќи ги вредноста и придобивките на филозофијата. Светскиот ден на филозофијата кај нас ќе […]

Костадиновска-Стојчевска и Битиќи во работна посета на Гостивар


Денеска, 16.11.2023 година (четврток) министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, се во работна посета на Општина Гостивар, каде ќе го посетат Центарот за култура „АСНОМ“, ќе направат обиколка и увид на завршените […]

МОТ: „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина со Институт за театар од Чешка


МОТ ја претставува исклучителната соработка  за презентирање на партнерство на ФРУ со Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ),  преку  „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина која се надоврзува на претходните проекти и изведби кои „Факултетот за работи што не се учат – ФРУ“ ги […]

Саем „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград


Над 600 изложувачи од повеќе од 28 земји меѓу кои и 74 македонски ќе се претстават на меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем. Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се […]

Јовановиќ : Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза


Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички.  – Се проектира раст на БДП од 3,4 проценти, што е многу повисоко од сите меѓународни институции. Нашиот Институт, […]

Жените во животот на Жарко Лаушевиќ: Со едната се ожени млад, а со другата остана до крајот на животот


Приватниот живот на легендарниот југословенски и црногорски актер Жарко Лаушевиќ отсекогаш ја интересирал јавноста, а неговото срце им припаѓало само на две дами. Жарко Лаушевиќ беше женет двапати. Неговата прва сопруга беше Маја Лаушевиќ, со која имаше две деца – ќерката Маја и синот Душан. Двајцата беа во брак од 1982 до 1998 година. Својата […]

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 16 ноември 2023 година, 320-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 45 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минута, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Живот како на филм : Омилените цитати на Лаушевиќ


На 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, почина познатиот Жарко Лаушевиќ, актерот кој навистина имаше живот како од филм.  За неговиот живот е снимен и филмот „Лауш“ (2014) по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ. Лаушевиќ ја објави својата книга „Годината минува, денот никогаш” (2011) пишувана во неговата затворска келија, која содржи […]

Сијарто во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре, 16 ноември, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како […]

Четири нови случаи на ХИВ во земјава за еден месец


Во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА, наведено е во билтенот за акутни заразни заболувања во Македонија за изминатиот месец. Во октомври регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА. Еден смртен случај на лице е пријавен во 2022 и еден смртен случај е од новорегистрираните лица во месец […]

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат


Раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат дека треба […]

Претставата „Бесачи“ се презакажува за 1 декември


Изведбите на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, кои беа закажани за 29 и 30 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), се презакажуваат за 1 декември поради одлуката на Владата за одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.  Како што информира МНТ, сите посетители кои билетите ги купиле преку онлајн-системот ќе бидат директно контактирани […]

На 63 години почина големиот актер Жарко Лаушевиќ


Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти во име на семејството неговата втора сопруга Анита Лаушевиќ. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, пренесува белградска „Политика“. Пред да биде хоспитализиран летово заради проблеми со бели дробови, актерот не сакал да го пропушти продолжението на […]

Елизабет Дебицки како леди Дијана: „Радио Тајмс“ како „Вог“ од 1991


Елизабет Дебицки (33) ѝ оддава почит на принцезата Дијана со новата насловна страница. Ѕвездата на „Круната“ (Crown) ја „оживува“ легендарната насловна страница на Дијана за Вог од 1991 година за новото издание на Радио Тајмс пред претстојната шеста сезона – во која таа ја игра покојната принцеза – премиерно на Нетфликс на 16 ноември. На […]

“Поол”, “Франкенштајн” и “Роденден” денес на 48 МОТ


Денеска на програмата на Млад отворен театар (МОТ) публиката ќе проследи три домашни продукции. Во 18 часот актерите на Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе ја одиграат младинската претстава „Франкенштајн“. Претставата е во режија на Кокан Младеновиќ, а играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. […]

Ким Кардашијан е магнат на годината – ја краси насловницата на „Џеј-кју“ за мажи


Ким Кардшијан ги крши границите лево и десно. Магнатот на SKIMS (43) беше прогласена за една  од насловните ѕвезди на GQ за „Мажи на годината“, заедно со Џејкоб Елорди. Кардашијан се приклучува на листата на моќни жени – вклучувајќи ги Ријана, Меган Ти Сталион, Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Скарлет Јохансон – кои претходно го […]

„ЗЏМ свири Леб и сол” – концерт со биг-бенд изведби на композициите на македонските музички великани


Во салата на Националната опера и балет, на 9 декември ќе биде одржан концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен како „ЗЏМ свири Леб и сол“. Како што најавуваат организаторите, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан […]