Град Скопје: Најзагадени градови се Струмица и Тетово


Согласно светскиот мониторинг систем WAQI кој ја мери загаденоста во сите главни градови во светот, градот Скопје не се наоѓа во листата на топ 10 загадени градови.

Според истиот систем, најзагадени градови во Македонија, а со тоа и во топ 10 загадени во Европа се Струмица и Тетово, како и општините Гази Баба и Ѓорче Петров. 

Апелираме, пред објавување на информации, медиумите да ги проверат јавно достапните емпириски докази за загаденоста на воздухот во Скопје но и во цела Македонија, велат од град Скопје.