Базар со 26 современи ракотворци за Денот на жената во Скопје сити мол


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 5 до 8 март, Скопје Сити Мол организира осмомартовски базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци.   Со уникатни колекции, рачно изработени ќе се претстават: Zen.Zeal, Frankly concept & gift-shop, BLOOM, Solar Creations, Nebula Jewelry, АКРЕА, Медена, Ваша мала башта, Infinity accessories, LaSoy & LA CHA, Блумен и Арт 2005, Small piece of joy, Igneа eco […]

Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година


Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или […]

Промоција на „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ


На 5 март (вторник), во 18:30 часот, ќе се одржи промоција на изданието „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Настанот ќе се одржи во конференциската сала во Музејот на македонската борба. Во промотивниот дел ќе учествуваат универзитетската професорка […]

Почина Дејв Мајерс, врвен готвач од ТВ шоуто „ Брадести моторџии“


Дејв Мајерс, најпознат како половина од обожаваното британско ТВ-готвач дуо „Брадести моторџии“, почина по битка со ракот, изјави во четвртокот неговиот колега и долгогодишен пријател Си Кинг. Тој имаше 66 години. Мајерс и Кинг се прославија во Обединетото Кралство и пошироко со нивната ТВ серија „Брадести моторџии“, неверојатна комбинација од шоу за патување со мотор, […]

„Ориентална вечер“ во хотел Лимак – вкусот на ориентот доаѓа во Скопје


Последниот ден од овој февруари е резервиран за една од највозбудливите тематски вечери кои веќе стануваат традиција во хотел Лимак. По одличните шпанска, грчка и италијанска вечер сега е ред за ориенталната вечер каде гостите ќе можат да ги вкусат ориенталните вкусови, да уживаат во ориентална музика и да  се забавуваат со танцот на ориенталните танчерки. Традиционалната […]

Каде исчезна Кејт Мидлтон?


Лондон – Светот е навикнат на секојдневниот поглед и пристап до животот на британското кралско семејство. Медиумите ширум светот будно го следат секој чекор на членовите на кралското семејство, а фотографии може да се најдат на секој чекор. Како да знаеме што прави секој од нив во секое време. Еве зошто ненадејното исчезнување на принцезата […]

Базар на етичка и одржлива мода оваа сабота во Јавна соба


  На 2. март (сабота), Јавна Соба ќе биде домаќин на базар на повеќе од 20 изложувачи насловен како „Fair Fashion“. Овој базар става акцент на етичката и одржливa мода, каде ќе се нуди рачно дизајнирана, но и „ second hand“ облека, како и рачно изработени накит и модни додатоци. Сите посетители ќе може да […]

Скопје како Холивуд: Оскаровска филмска магија низ песни во НОБ (галерија)


Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, на 10 март во Лос Анџелес, Скопје синоќа го почувствува оскаровскиот дух со црвениот килим, дотераните гости и со гламурозната прослава на филмската магија со песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност. Низ грижливо избраниот репортоар на […]

Полицијата пронашла 72 пиштоли во домот на Ален Делон


Властите заплениле 72 пиштоли и илјадници парчиња муниција од домот на легендарниот актер Ален Делон, во нов пресврт во приказната за драмата за наследување што  објавува во француските медиуми. Количеството оружје – и стрелиштето – беа пронајдени за време на полициска рација во замокот на актерот во Души, југоисточно од Париз, каде што 88-годишниот француски […]

Ќе се снима „Бриџит Џонс 4“


Лондон- Се подготвува четвртиот филм од романтично-комичната сага за Бриџит Џонс, при што главната улога повторно ќе ја толкува Рене Зевлегер. Продукцијата почнува овој мај во Лондон, Велика Британија. Насловната хероина, во третиот дел од пред осум години, дозна дека е бремена и се обидува да открие кој е таткото… Продолжанието ја прикажува Бриџит Џонс […]

Попов: МАНУ „не смее да молчи ако има знаење, можности и капацитет да советува и да дава стратегиски насоки“


Во своето експозе за раководењето на МАНУ во мандатниот период 2024-2027, новиот претседател на МАНУ Живко Попов се осврна на неколку, како што рече, „општествени аномалии“ и „круцијални предизвици на кои би требало да се обрне посебно внимание“ и кои, рече,  се предмет на критики во годишните извештаи на Европската комисија. Посочи на „генерална партизација“ […]

Одржлива мода во фокусот на новиот изложбен салон „Лаб дизајн маркет“ во Скопје


Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но и за домот, кои се рачно изработени, фокусирани на одржливоста, еколошкото и етичко производство, а изработени од 17 дизајнери од земјава, денеска се поставени во центарот „Лабораториум“ во Скопје, во рамки на изложбениот салон „Лаб дизајн маркет“. Како што изјави за МИА кураторот […]

Буџетот за основна дејност на МАНУ помал за 40 отсто, новиот претседател Попов ја претстави годинашната програма


Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, порача новиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов, во експозето откако на крајот на ноември беше избран за прв човек на Академијата за мандатниот период 2024 – 2027 година заедно со нов состав на Претседателството на […]

Исклучителен успех за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини 2024“


Винарската визба „Тиквеш“ ја започна сезоната на интернационални вински натпревари за оваа година постигнувајќи исклучителен успех на еден од најпрестижните и најкредибилните светски вински натпревари  – „Mundus Vini 2024“. На пролетното издание на овој натпревар, „Тиквеш“ освои 2 специјални награди, 6 златни и 1 сребрен медал. Виното „Bela Voda white 2022“ ја освои наградата „Best […]

Откажани претставите „Марлена“ со Мирјана Карановиќ во Скопје и во Битола


Двете изведби на претставата „Марлена“ со српската актерка Мирјана Карановиќ во главната улога, кои требаше да се одржат во Битола на 3 март и во Скопје на 4 март, се откажани, објави „Авалон“. „Од технички причини не сме во можност да го одржиме гостувањето на претставата ‘Марлена’ во Домот на културата во Битола и во […]

Бинош во врвна гастрономска приказна: „Страста на Доден Буфан“ го отвара Месецот на Франкофонијата


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, организираат гала филмска вечер, во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“. Филмот ќе биде прикажан в петок, 1 март 2024, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).  Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска […]

За 38 милиони долари се продава домот на Фреди Меркјури, за прв пат по неговата смрт


Поранешниот лондонски дом на рок легендата Фреди Меркјури е достапен за купување – односно за оние со кул 30 милиони фунти (38 милиони долари). Garden Lodge во Кенсингтон, западен Лондон, беше дом на фронтменот на Квин цели 11 години и може да се пофали со карактеристики како јапонска дневна соба, бар/библиотека и музички центар. Имотот […]

Без вода дел од Трнодол и Жданец


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 11:50 часот ќе бидат корисниците од населба Трнодол и улиците „Нерешка“ и „Теодосиј Синаитски“ во населба Жданец, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Адел паузира од концертите во Лас Вегас поради болест


Лас Вегас– Адел ги одложи датумите за март на нејзиниот престој во Лас Вегас поради болест. Британската пејачка се извини за во објава на социјалните мрежи, објаснувајќи како не се опоравила целосно откако се разболела на крајот од последната серија од нејзината резиденција Weekends With Adele во Колосеумот во Палатата Цезар. „За жал, морам да […]

„Леб и сол“ и Бреговиќ на иста сцена, баш како некогаш – свирка што не се пропушта


Во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“, и тоа на големиот славенички концерт […]