„Ориентална вечер“ во хотел Лимак – вкусот на ориентот доаѓа во Скопје

Магијата на Блискиот Исток ќе оживее во енергична спој на музика, танц и вкусна кујна


Последниот ден од овој февруари е резервиран за една од највозбудливите тематски вечери кои веќе стануваат традиција во хотел Лимак. По одличните шпанска, грчка и италијанска вечер сега е ред за ориенталната вечер каде гостите ќе можат да ги вкусат ориенталните вкусови, да уживаат во ориентална музика и да  се забавуваат со танцот на ориенталните танчерки.

Традиционалната ориентална култура овој пат ќе оживее преку добро познатите вкусови на Мансаф, Табуле, Фатуш и Баба Гануш кои ќе бидат дел од кулинарското патување подготвено од искусните готвачи. Тие овој пат ќе се обидат на најдобар начин за гостите да ја подготват храната која е блиска за културите во Турција, Саудиска Арабија, Јордан, Либија и Сирија.