Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон


Олимпија – Кандидатката за претседателка номинирана од Републиканската партија Ники Хејли победи на партиските прелиминарни избори во сојузната држава Вашингтон, забележувајќи ја првата победа во претседателската кампања оваа година. Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори, додека Хејли победи во Вашингтон. Хејли ги […]

Триумф на Реј на Брит авордс – уметник, албум и песна на годината


Британскaтa пејачка Реј ги освои престижните награди BRIT во рекордни шест категории, пренесоа светските агенции. На церемонијата, одржана во лондонската О2 Арена, таа ги доби наградите за најдобра песна, која отиде за „Escapism“ и најдобар британски албум за „My 21st Century Blues“. Таа, исто така, доби награди за најдобар изведувач, најдобар нов изведувач, најдобар ар-ен-би […]

Без вода дел од корисниците од неколку улици во Центар


Дел од корисниците на улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Ленинова“ и  „Коле Неделковски“ во Центар денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради приклучок на цевка од ф 80 мм на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот и ќе трае до завршување на […]

Променливо облачно, со обилни врнежи и локално невреме


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни, од 20 до 40 литри на метар квадратен, со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец од над 70 километри на час. […]

Астрономски календар


Денеска е понеделники, 4 март 2024 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 302 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 4 минути, а ќе зајде во 17 часот и 28 минути. Денов трае 11 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Теја Дора со „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на Евросонг во Малме (видео)


Белград– Во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија победи песната „Рамонда“ во изведба на Теја Дора. Претставничката беше избрана меѓу шеснаесетте натпреварувачи, врз основа на гласовите на жирито и публиката. Таа ќе ја претставува Србија на Евровизија во Малме во мај. Второто место го зазеде Бресквица, која исто така беше еден од фаворитите за победа, а на третото место е Зорја. […]

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис


Амбасадорот на Европската Унија во С.Македонија Дејвид Гир, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаи и заменикот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Марио Де Роза ја посетиle Фондацијата Метаморфозис, по последните напади и закани врз новинарите од „Вистиномер“, како и останатите вработени и надворешни […]

Ватикан покажал интерес за македонската уметност, вели Костадиновска-Стојчевска


Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните […]

28. Моден викенд во Скопје: Спој на италијански и домашен гламур


Амбасадата на Република Италија во Скопје, ИТА- Italian Trade Agency, Ист Гејт Мол и Моден Викенд Скопје ве канат на изложбата во ADI Design Museum на 14 март во Чифте амам и на модниот настан во петок, 15 март во 18:30 часот, во Ист Гејт Мол. За деновите на италијански дизајн во Скопје, Амбасадата на […]

ФФМ го предаде во употреба новиот хибриден терен на Арената „Тодор Проески“


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ги заврши активностите за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и објектот со новиот хибриден терен денеска го предаде на употреба на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП). Како што е соопштено попладнево, ФФМ целосно […]

„Лажни светови“ – Бојана Скендеровски промовира нова песна и спот


 Убава понеделничка дружба по повод промоцијата на новиот музички проект со наслов „Лажни светови“ на Бојана Скендеровски. Премиерното слушање на композицијата зад која како автор застанува еден колега на Бојана (чие име барем до понеделник останува изненадување), но и премиерата на видеозаписот, се закажани во понеделник во ресторанот „Дион“ (Центар)  во 19 часот. „Велат, среќата […]

За викендот стабилно и потопло, од понеделник повторно дожд


За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната дневна ќе достигне 20 степени. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со […]

Денови на италијански дизајн во Скопје


За деновите на италијански отдизајн во Скопје, италијанската амбасад и ИТА – Italian Trade Agency, организираат настани со кои се промовиираат уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан. Темата на годинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“. Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во […]

Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи


Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели се очекува тој да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури. – Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше […]

„Ориентална вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – гурманска гозба и стомачен танц за мерак


Дотерани и весели гости синоќа уживаа во една необична ориентална вечер со пет ѕвездички во центарот на Скопје- Limak Skopje Luxury Hotel беше домаќин на една од највозбудливите тематски вечери која ја сочинуваат разновидни вкусови и мириси, поради влијанијата на различни народи и култури, на врвно избраното мени на кое  доминираа зачините и зачинските билки […]

„Таа заслужува“ – осмомартовска акција на „Литература.мк“ 


Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“  и преку е-книжарницата www.literatura.mk, ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“, со попусти до 50%. Со слоганот „Таа заслужува“ оваа година „Литература.мк“ го потенцира разбирањето на предизвиците со кои се соочуваат жените и нивната потреба за време само за себе. За таа цел, осмомартовската […]

Најавените врнежи добредојдени за земјоделството


Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на […]

Над милијарда луѓе ширум светот имаат прекумерна тежина


Лондон – Повеќе од милијарда луѓе се борат со прекумерната тежина и дебелината, посочуваат новите научни проценки на светско ниво, објавени во медицинското списание „Лансет“. Податоците од 2022 година вклучуваат околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца. Највисоки стапки на прекумерната тежина има во Тонга и Американска Самоа – за жени и во Американска Самоа […]

Бојан Станишиќ избран за в.д. директор на Кинотека


Бојан Станишиќ е новиот в.д. директор на Кинотека на Македонија, потврдуваат од Министерството за култура. Станишиќ, кој е менаџер во културата, дистрибутер и програмски директор со 15 годишно искуство, на функцијата доаѓа од редот на вработените. Во Кинотеката на Македонија е од 2017 година, вработен како програмски уредник задолжен за подготовка и реализација на кинотечната […]

„Не можам да ти кажам“ – нова песна на Оливер Драгоевиќ како најава на постхумниот албум


Шест години по смртта на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, објавен е спот за неговата нова песна „Не можам да ти кажам“ (Ne mogu ti reći), која е само најава на нов, постхумен албум. Неговото семејство речиси две години преслушувало материјали кои Драгојевиќ вредно ги снимал до последниот ден. По внимателни бирања и со присетување […]