„Не можам да ти кажам“ – нова песна на Оливер Драгоевиќ како најава на постхумниот албум
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/03/146519.jpg)
Шест години по смртта на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, објавен е спот за неговата нова песна „Не можам да ти кажам“ (Ne mogu ti reći), која е само најава на нов, постхумен албум.
„Со заминувањето на Оливер го наследивме сето она што тој го создаваше низ долгогодишната кариера. Чувствувавме потреба да ги собереме песните кои останаа необјавени и го спремавме овој албум со помош на неговите соработници и пријатели, водејќи се од критериумите и афинитетите на Оливер. На овој албум работевме сѐ додека не го достигнавме нивото со кое тој би бил задоволен“, соопшти семејството на Драгојевиќ, додавајќи дека албумот ќе содржи 12 песни.